Средба на министерката Шекеринска со амбасадорот на САД, Бејли: Македонија и САД ја продолжуваат интензивната соработка во одбраната

Република Македонија и Соединетите Американски Држави отсекогаш имале блиска и плодна соработка во областа на одбраната и безбедноста и во таа насока ќе продолжат да се развиваат нашите односи и во иднина, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерката Радмила Шекеринска и амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли.

„Министерството и Владата на Република Македонија ја ценат политичката и воената поддршка од САД која е константна и која помогна да се обликува Армијата и одбранбениот систем. Нашата стратегиска определба е полноправното членство во НАТО и во Европската Унија“, рече министерката Шекеринска. „Македонија е горда што беше еден од иницијаторите на Јадранската повелба, но од денешна перспектива фрустрира што сите останати земји-членки освен Македонија се дел од НАТО Алијансата. Напорно ќе се работи на модернизација на Армијата, и повторно ќе се разгледаат приоритетите во областа на одбраната со конкретни рокови за нивна реализација.  Во оваа насока добредојдена е сета поддршка од страна на партнерите како САД“, рече Шекеринска.

Други вести
Skip to content