Состанок на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа
South-Eastern Europe Defence Ministerial Meeting

Скопје, 03-05 Ноември 2021
Локација: Хотел „Александар Палас“

Од 03-05 ноември 2021 година во Скопје, Република Северна Македонија ќе се одржи состанок на министрите за одбрана на земјите членки на СЕДМ иницијативата, на кој домаќин ќе биде министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска. Улогата на домаќин произлегува согласно воспоставениот редослед помеѓу земјите членки на иницијативата.

Со состанокот претседава Секретаријатот на СЕДМ-КК/ПВУК (СЕДМ Координативен комитет/Политичко воен управен комитет), кој претставува највисоко координативно тело во иницијативата. Во моментов претседавач со Секретаријатот на СЕДМ-КК/ПВУК е Република Бугарија.

За време на состанокот министрите за одбрана и претставниците од меѓународните организации ќе дискутираат за современите безбедносни предизвици како што се тероризмот, илегалната миграција, бројните форми на хибридни закани, лажни вести и дезинформации, како и унапредување на меѓусебната соработка во справување или менаџирање на кризи и природни катастрофи. Исто така, Претседавачот со Секретаријатот на СЕДМ-КК/ПВУК и Командантот на СЕЕБРИГ (Бригадата на Југоисточна Европа) со свои презентации ќе ги информираат присутните за нивните активности во периодот од последниот министерски состанок одржан преку VTC (поради COVID-19 пандемијата) во октомври 2020 година.

South East Defence Ministerial (SEDM), претставува процес на соработка меѓу Mинистерствата за одбрана на Југоисточна Европа (ЈИЕ) со цел јакнење на политичко-воената соработка во регионот и подобрување на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ.

Правна рамка за соработка во рамките на иницијативата претставува Договорот за воспоставување на Координативниот комитет во рамките на SEDM процесот (Agreement on the establishment of a Coordination Committee in the framework of South-Eastern Europe Defence Ministerial Process) потпишан во Солун во 2000 година и подоцна новиот Agreement on the establishment of a Coordination Committee in the framework of South-Eastern Europe Defence Ministerial Process потпишан во Софија во 2009 година.

Контакт :

1.потполковник Горан Стојановски
Phone: ++389 2328 2206   Cell: ++389 70 403 149
E-mail: goran.stojanovski@mod.gov.mk

2. наредник Тони Димов
Phone: ++389 2328 2447  Cell: ++389 71 259 834
E-mail: dimov.toni@mod.gov.mk

Линк до SEDM

Состанок на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа
South-Eastern Europe Defence Ministerial Meeting
Скопје – 04 Ноември 2021
Локација: Хотел „Александар Палас“ – почеток 09:00 часот

 

Време активност
09:00 – 09:20  

Поздравни обраќања на министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска и од претседавачот на SEDM, Пламен Христов Јорданов

09:20 – 09:30  

Заедничка фотографија

 

09:30 – 10:00  

Информација во врска со активностите на SEDM-CC/PMCS и за SEEBRIG

 

10:20 – 11:40  

Состанок на министрите за одбрана – прва сесија

 

12:00 – 13:30  

Состанок на министрите за одбрана – втора сесија

 

15:00 – 16:00  

Можност за билатерални средби

 

Состанок на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа
South-Eastern Europe Defence Ministerial Meeting
04 Ноември 2021
Локација: Александар Палас
почеток 09:00 часот
 

Почитувани претставници на медиумите,

подолу може да најдете корисни информации во однос на медиумско покривање на настанот, информации за акредитирање за истиот и информации за COVID-19

 

Агенда:

09:00 – 09:10 поздравнo обраќањe на претседавачот на SEDM, Пламен Христов Јорданов

09:10 – 09:20 – поздравно обраќање на министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска

09:2009:30 Заедничка фотографија

  • Фото и видео материјали ќе бидат достапни по завршување на настанот на веб и на You tube страницата на Министерството за одбрана

Акредитации:

Претставниците на медиумите кои сакаат да присуствуваат на настанот потребно е да го пополнат формуларот и да го достават на следнава e-mail адреса: dushko.avramovski@mod.gov.mk  најдоцна до 03.11.2021 до 14:00 часот

Акредитираните претставници на медиумите потребно е да бидат најдоцна до 08:30 часот на 04 ноември 2021 година, на влезот кој води кон тениските игралишта. Акредитациите ќе им бидат доделени веднаш по пристигнувањето

Претставниците на медиумите потребно е со себе да носат легитимација и идентификациски документ.

За време на SEDM Министерскиот состанок, претставниците на медиумите ќе можат да го користат воспоставениот Медија  центар.

Формулар за акредитирање – превземи

 

За присуство на настанот претставниците на медиумите потребно е со себе да:

  • поседуваат сертификат за имунизација со минимум прва доза на примени вакцини
  • поседуваат сертификат за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување

Фото галерија:

 

Видео:

 

Информација за COVID-19

Физичка дистанца, здравствени и хигиенски мерки ќе се применуваат во согласност со здравствените мерки во Република Северна Македонија поради пандемијата COVID-19.

 

 

За присуство на настанот претставниците на медиумите потребно е со себе да:

  • поседуваат сертификат за имунизација со минимум прва доза на примени вакцини
  • поседуваат сертификат за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување

 

Skip to content