Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за реализиран инспекциски надзор во период јули – септември 2022 година

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01, 05/03, 08/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и ,,Службен весник на СРМ бр.42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.

Секторот за инспекција во одбраната, Ве известува дека во кварталниот период јули-септември 2022 година, има реализирани инспекциски надзори согласно Годишната програма за вршење на инспекциски надзор за 2022 година, донесена од министерката за одбрана, во една единица на Армијата и два органи на државна власт.

Извршени се инспекциски надзори во делот на надзор над примената и спроведување на прописите од областа на одбраната во следните субјекти:

1. Основен суд-Струга;
2. Основно јавно обвинителство-Струга;
3. Баталјон за воено медицинска поддршка – Скопје.

Кварталниот извештај- акт бр.11-334/1 од 06.10.2022 година

Мени за пристапност