Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Oдбележување на официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање

9 декември 2021 / 08:00 - 17:00

Денеска, 09.12.2021 година (четврток) на Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.

За време на планираната активност медиумите и пошироката јавност ќе можат да се запознаат и да посведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

По завршување на настанот изјаво ќе имаат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералот Де Ла Круз.

Details

Date:
9 декември 2021
Time:
08:00 - 17:00
Event Category:
Skip to content