Министерка за одбрана на Република Северна Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА

 

Славјанка Петровска е министерка за одбрана на Република Северна Македонија од 17 јануари 2022 година.

Во периодот од 2020 година до стапувањето на функцијата министерка за одбрана е пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија и член на Законодавно – правната комисија, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следењето на комуникациите и Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Во периодот од јануари до јули 2020 година, Петровска беше дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата која ги организираше и спроведе Предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули 2020. Од јуни 2017 година е шеф на кабинетот на Министерот за внатрешни работи. Во тој период е и потпретседател на двете работни групи задолжени за спроведување на реформите во безбедносно-разузнавачките служби и системот за следење на комуникациите. Од декември 2015 година до мај 2016 година и од септември до декември 2016 година е дел од кабинетот на Министерот за внатрешни работи.

Од 2008 година до 2015 година работи во Собранието, во Секторот за поддршка на Националниот совет за евроинтеграции, а од 2006 година до 2008 година работи во Секторот за меѓународна соработка.

Од 2003 година до 2006 година работи во Секретаријатот за европски прашања.

Славјанка Петровска е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во моментов е магистрант по управно право, на катедрата во рамките на овој Факултет.

Одлично го познава англискиот јазик.

e-mail: kabinetMO@mod.gov.mk

Skip to content