Соработка со САД – Дополнителен импулс во зајакнување на капацитетите за справување со дезинформации

Во координација со Канцеларијата за одбранбена соработка со САД, на 26 и 27 октомври 2021 година во Регионалниот центар за односи со јавноста (РЦОЈ) престојуваа претставници од Регионалниот тим за информациска поддршка (Regional Support Information Team) од командата за специјални операции на САД.
Целта на разговорите беше да се разгледаат и дефинираат можностите и начините за воспоставување соработка помеѓу РЦОЈ и Регионалниот тим за информациска поддршка од САД во насока на развој на превентивните капацитетите на РЦОЈ за справување со дезинформации.
Воспоставувањето соработка со Регионалниот тим за информациска поддршка на САД е од особена важност и доаѓа во исклучително значаен период за развојот на капацитетите на РЦОЈ за справување со дезинформации, но и за развојот на целокупниот систем за справување со дезинформации на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Поддршката од страна на Регионалниот тим за информациска поддршка на САД ќе се реализира преку обуки на сертифицираните медиа тренери од РЦОЈ од областа на справувањето со дезинформации базирана на принципот „обучи го обучувачот“, но и преку стручна поддршка за креирање и пилотирање на меѓународен курс за справување со дезинформации и градење отпорност во текот на 2022 година.
Со завршување на сите фази од предвидените обуки како и подготовката и пилотирањето на курсот за справување со дезинформации и градење отпорност и неговата понатамошна понуда на сите НАТО и партнерски земји ќе се даде дополнителен импулс во зајакнувањето на целокупните капацитетите за справување со лажни вести и дезинформации не само во рамки на Министерството за одбрана, туку и пошироко во рамки на НАТО и Партнерските земји.

Други вести
Skip to content