Прашања/Барања и одговори


Почитувани граѓани,
Согласно измените во Правилникот за транспарентност во работењето на Министерството за одбрана од 14.01.2021 година, Министерството за одбрана по истекот на две недели од доставувањето на одговорот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, истиот го поставува во делот подолу, без податоците за идентитетот на барателот.

Барателот на информацијата може да побара рокот на објавување на одговорот и барањето за пристап до информации од јавен карактер да биде подолг од две недели, но најмногу до еден месец од денот на доставување на одговорот.

ПРАШАЊА/БАРАЊА И ОДГОВОРИ:

  • Барање: 1) Дали во периодот од 01.01.2021 – 31.03.2022 година сте користеле услуги на надворешни физички и/или правни лица за спроведување на постапки за јавни набавки? Како е извршен изборот? Какви услуги сте користеле од ангажираните лица? Колкав е бројот на вработени во вашата институција кои работат во организационата единица задолжена за јавни набавки и колку вработени во вашата институција во 2021/2022 имале важечка потврда за положен испит за лице за јавни набавки?. – Одговор
  • Барање: 1) Дали Вашата институција има планирано или спроведено превентивни активности: едукативни работилници или кампањи за подигање на свеста на општата јавност за различните манифестации на сите форми на насилство врз жените, лица со различна сексуална ориентација и родов идентитет, опфатени со Истанбулската конвенција. Доколку Вашиот одговор е, ДА, Ве молиме опишете колку активности имате планирано/реализирано и во кој временски период се планирани/реализирани? 2) Доколку е спроведена национална медиумска кампања, на кој начин се вклучени и/или одразени специфични потреби на ранливите жени на родовобазирано насилство и семејно насилство? Ве молиме опишете ги планираните/реализираните активности, односно кампањи и дали се тие дел од Вашата програма или станува збор за вклучување во активности на друг субјект со меѓуинституционална соработка, соработка со национални институции и тела за родова енаквост или соработка со граѓански сектор? 3) Колку финансиски средства се предвидени, а колку се потрошени за реализација на реализираните превентивни активности (едукативни активности/кампањи), на пример: за изработка и печатење на едукативни флаери, постери или други материјали, организирање на медиумска презентација на кампањите и други слични активности и од каде се обезбедени тие средства. 4)Дали имате назначено конкретно лице за систематизирано работно место за реализација на вакви и слични активности, доколку одговорот е, ДА, дали тоа лице има посетувано обуки за сензибилизирање на тематската област, доколку НЕ, кое лице е одговорно за планирање на превентивни активности/кампањи за унапредување на човековите права, а особено забрана за насилство врз жените? 5) На кој начин обезбедувате широка дисеминација меѓу јавноста за информации за мерките кои се на располагање за спречување на насилство и за постоечките мерки за заштита на жртви и постоечките специјализирани сервиси? Дали имате подготвено план/програма за спроведување на кампањи во континуитет, се додека не се постигне доволно ниво на свест кај општата популација и дали постои евалуација за постигнатите резултати? ? . – Одговор
  • Барање: 1) Колку члена моментално брои кабинетот на министерот за одбрана, кои се тие и која е нивната титула и позиција, како и нивните работни задачи и обврски? 2) Кои се кабинетските службеници и државните и посебните советници на министерот? 3) Дали има ангажирано мадворешни советници, и ако е така – кои се тие и колку изнесува нивниот хонорар? . – Одговор
  • Барање: 1) Дали Владата на Република Северна Македонија во периодот на вонредна состојба поради појавата на Ковид-19, има усвоено посебни препораки во насока на заштита и унапредување на здравјето на барателите на азил и лицата сместени во Прифатниот центар за баратели на азил, Прифатниот центар за странци, Прифатно-транзитниот центар Табановце и Прифатно-транзитниот центар Винијуг – Гевгелија и доколку да кои се тие препораки? 2) На 28 седница на Владата, одржана на 25 март 2020 година е донесен заклучок во периодот на прогласена вонредна состојба поради појавата на КОВИД-19 – сите нови баратели на азил и новозатекнати лица со нерегулиран престој во Република Северна Македонија првично карантински да се сместуваат во Прифатно-транзитниот центар Винијуг – Гевгелија. Дали донесената одлука на Владата се заснов на препорака од МЗ/Комисијата за заразни болести? Дали на одржаниот состанок при донесување на заклучокот е разгледувана мерката и од аспект на почитување на човековите права и слободи? 3) Даи времетраењето на периодот на самоизолација/карантин кој се применува на бегалци, баратели на азил и мигранти со нерегулиран престој е еднаков по времетраење со периодот на самоизолација /карантин кој се применува на државјаните на МКД? 4) Дали и колку финансиски средства има дополнително обезбедено Владата за подобра за ѓтита и спречување на ширење на КОВИД-19 вирусот помеѓу бегалците, барателите на азил и нерегулираните мигранти сместени во Прифатниот центар за баратели на азил, Прифатниот центар за странци, Прифатно-транзитниот центар Табановце и Прифатно-транзитниот центар Винијуг сметано од денот на воведување на вонредна состојба, заклучно со денот на воведување на вонредна состојба, заклучно со денот на поднесувањето на ова барање? 5) Кој е надлежен за надзор на спроведувањето на мерките кои се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот во поглед на бегалците и мигрантите? . – Одговор
  • 1) Кои мерки за родова еднаквост и зајакнување на жени кои не се дел од програмите и потпрограмите на министерстовото се донесени од страна на министеството во 2019, 2020 и 2021 година ( согласно Закон за организација и работа на органите на државната управа)? .– Одговор
  • Барање: 1) Кои се мерките за родова еднаквост и зајакнување на жени кои се предвидени во програмите и потпрограмите на министерството за 2019, 2020 и 2021 како дел од Годишниот план за работа на министерството за 2019, 2020 и 2021, согласно упатството за начинот на постапување на министерствата и другите органи на државната управа во процесот на подготвување на стратешкиот план и годишниот план за работа за работа усвоен од Владата на МКД на 10.07.2018. – Одговор
  • Барање: 1) Со кој член од Законот за служба во Армијата е предвидено доставување на Индивидуален извештај за повреда на работа?. – Одговор
  • Барање: 1) Изјава-Одлука на лицето Александар Насковски да членовите на НСПВМ да ги отчлени и зачлени во НСПВ – СО Скопје Доставено до Сектор за финансии. – Одговор
  • Барање: 1. Кои мерки и протоколи ги предвиде (или предложи до Комисијата за заразни болести) Министерството за одбрана за спречување на ширење на заразата помеѓу бегалците и мигрантите? 2. Пандемијата изби во време кога веќе беше прогласена состојба кризна состојба на јужната и северната граница заради зголемениот број на бегалци и мигранти. Како ова се одрази на aнгaжмaнoт на Министерството за одбрана со цел надминување на состојбите? 3. Дали од почетокот на пандемијата (март 2020) Министерството за Одбрана и Армијата имаат зголемен или намален број на персонал во камповите и прифатните центри? 4. Дали и во која мера Вашата институција обезбеди едукација, лична заштитна опрема и средства за дезинфекција за персоналот кој е ангажиран околу бегалците и мигрантите? 5. Дали на персоналот кој работи со бегалци и мигранти му беше понудена предност при вакцинацијата? 6. Дали на бегалците, мигрантите и лицатa во ризик им е понудена опција за вакцинација по примерот на соседните земји? 7. Дали на граничните премини се поставени информативни табли на повеќе јазици поврзани со информации за заразата и имунизацијата? 8. Дали за персоналот на Министерствата за одбрана и припадниците на армијата кои работат или се ангажирани на граничните премини и во тразнитно-прифатните центри беше континуирано обезбедена лична заштитна опрема и средства за дезинфекција и во кои количини? 9. Кахо се спроведуваше надзорот врз имплементацијата на мерките од страна на припадниците на Министерството и Армијата? 10. Дали и како на граничните премини и во меѓуграничната зона припадниците на армијата ги применуваа мерките за социјално дистанцирање при соочување со поголеми групи на бегалци и мигранти? 11. Колкав е вкупниот број на заболени, оздравени и починати лица од вирусот КОВИД-19 кај вработени лица во Министерството за одбрана и Армијата кои работат со бегалци и мигранти? 12. Колкав е вкупниот број на вработени лица кои се јавиле во изолација или биле позитивни на вирусот заради контакт со бегалци u мигранти во погранични транзитни центри Табановце, Куманово, Винојуг, Гевгелија и меѓугранични зелени зони од почетокот на пандемијата? . – Одговор
  • Барање: 1) Која е надлежна институција во Република Северна Македонија за извршување на инспекциски надзор за да се утврди факти на правен субјект кој е сопственик и корисник на објект од значење на одбраната и од кој објект меѓу другите произлегуваат и информации кои се однесуваат на одбраната, во случај кога приватниот субјект согласно член 7, ства1 и 2 од Законот за класифицирани информации (Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/2019), не врши класификација на информациите (техничка и друга документација, податоци, планови, мапи, фотографии, видео материјали итн. кои произлегуваат од објектот, а се однесуваат особено на одбраната?. – Одговор
  • Прашања: 1) Дали во врска со овој случај за потребите на снимање, научни и други истражувања поврзани со бетонската структура на браната Матка, на правното лице со назив „Монитера“ или на физичкото лице со име Георгиос Папастамос или можеби некое друго или правно или физичко лице, Министерството за одбрана согласно член 192 став 2 од Законот за одбрана, има издадено Одобрение за снимање, вршење научни и други истражувања во објекти и зони од значење за одбраната во врска со браната Матка, а доколку има на кој точно правен субјект или на кое физичко лице го има издадено ова одобрение?  2) Дали после објавувањето на статија „Ласерски снимки од брана стојат на интернет, авторот вели – нема причина за загриженост“ од новинарот Игор К. Илиевски на македонскиот веб портал CIVIL MEDIA, во врска со браната Матка која согласно законската регулатива (Закон за водите член 196 став 2) е објект од значење на одбраната, Министерството за одбрана согласно член 162 ставови 3 и 4 од Законот за одбрана изврши ВОНРЕДНИ инспекциски надзори во приватните субјекти ЕВН Македонија АД Скопје која е сопственик на ХЕЦ Матка и во ЕВН Македонија Електрани дооел Скопје, која непосредно стопанисува и управува со ХЕЦ Матка за да утврди факти во врска со овој случај; потоа да утврди што како Министерството за одбрана смета дека се случило во конкретниот случај; да утврди дали погоре наведените субјекти (ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Македонија Електрани дооел Скопје) во врска со браната Матка ги применуваат мерките и заштита во врска со член 5 од Одлуката за определување на објектите и зоните од значење на одбраната и зоните во кои се ограничува слободата на движењето, престојот и населувањето ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.316/2020) односно член 5 од Одлуката за определување на објекти и зони од значење за одбраната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/03 и 68/16) која претходно беше на важност, како и да утврди дали и од кого во случајот можеби се направени евентуални прекршоци опфатени со одредби од Законот за одбрана и дали и од кого можеби се направени евентуални кривични дела опфатени со одредби од Кривичниот законик, итн.?. 3)Дали откако во 2006 година браната Матка (која согласно член 196 став 2 од Законот за водите е објект од значење за одбраната) стана сопственост на приватната компанија со целосен странски капитал ЕВН Македонија АД Скопје па се до денес, Министерството за одбрана согласно член 165 став 2 од Законот за одбрана има извршувано РЕДОВНИ инспекциски надзори во приватните субјекти ЕВН Македонија АД Скопје која е сопственик на ХЕЦ Матка, како и во ЕВН Македонија Електрани дооел Скопје која непосредно стопанисува и управува со ХЕЦ Матка, со цел да се утврди дали погоре наведените приватни субјекти во врска со браната Матка ги применуваат мерките за безбедност и заштита во врска со член 5 од Одлуката за определување на објектите и зоните од значење за одбраната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/03 и 68/16) и колку Редовните инспекциски надзори во врска со браната Матка во наведениот период (од 2006 година па до денес) има извршено Министерството за одбрана поодделно во секој случај од наведените субјекти? 4) Дали Министерството за одбрана со цел овој случај во врска со ласерското скенирање на браната Матка да не се препушти на било какви случајности, сомнежи и претпоставки, ќе превземе активности во насока на целосно расветлување на истиот и утврдување дали евентуално има законски прекршувања (прекршочни/кривични) на инволвирани правни и (или) физички лица во овој случај?  – Одговор
  • Барање: Како надлежен орган, а согласно финансискиот план на МО и Буџетот на МО, кои плаѓања се опфатени со Потпрограма 10-Администрација, НП 980 – Сектор за човечки ресурси, потставка 464410-Државни награди, 464940 – Испратнини – редовно пензионирање и 464990 – Други трансфери? – Одговор
  • Барање: 1) Соодветна и правична етничка застапеност на воениот персонал (професионални војници, подофицери и офицери) во Армијата на Република Северна Македонија, во проценти поединечно (со статус заклучно со 31.12) за секоја од годините 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020 и (заклучно со 31.10) за 2021 година.  2) Соодветна и правична етничка застапеност на персоналот во МО (без воени старешини) во проценти поединечно (со статус заклучно со 31.12) за секоја од годините 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020 и (заклучно со 31.10) за 2021 година. – Одговор
  • Барање: 1)Поединечни доделени средства преку Министерството за одбрана до крајните корисници од буџетска ставка 463 – трансфери до невладини организации, во 2020 година. 2)Поединечни доделени средства преку Министерството за одбрана до крајните корисници од друга буџетска ставка (различна од 463 – транфери до невладини организации), во 2020 година. – Одговор
  • Барање: 1. Колку вкупно финансиски средства имате потрошено по сите основи и поединечно по групи трошоци во врска со кризата со Ковид-19 од буџетто за 2020 година? – Одговор
  • Барање: Податоци за вработените во Министерството за одбрана за 2020 година, посебно според наведените прашања во табелата – Одговор
  • Барање: 1) Број на ангажирани припадници на Армијата на дневна основа во подршка на цивилните власти (Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство и локалната самоуправа) во справвањето КОВИД 19 за време на кризната и вонредната состојба од 13 март до 13 јуни 2020 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа. 2) Број на ангажирани припадници на Армијата за време на кризната состојба од 20 ноември до 10 декември 2020 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа.- Одговор
  • Барање: 1. Број на ангажирани припадници од Армијата на дневна основа во поддршка на полицијата на северната и јужната граница во справувањето со мигрантите од септември 2015 до март 2021 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа; 2. Број на спречени илегални премини на мигранти на јужната граници на месечна основа наведено по месеци поединечно во периодот од декември 2015 година до март 2021 година, со просечна цена на чинење по ангажиран припадник на Армијата на дневна основа; – Одговор
  • Барање: Бараме да ни се достави точниот број на вработени и нивното место според систематизација. – Одговор
  • Прашања:  1) Колку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер добивте во периодот од 1 до 31 декември 2020 година? 2) Од вкупниот број на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер добиени во периодот од 1 до 31 декември, на колку барања одговоривте потврдно – за колку барања информациите беа целосно одобрени и за колку информациите беа делумно дадени? 3) Од вкупниот број на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер добиени во периодот од 1 до 31 декември, колку барања одбивте? – Одговор
  • Прашања: 1) Колку вкупно недвижности ( објекти ) користи Министерството за одбрана? 2) Колку вкупно објекти сопственост на РС Македонија се доделени на користење со Одлука на Владата на Министерство за одбрана? 3) за колку од објектите имате Имотен лист издаден од АКН со запишано корисничко право? 4) Дали имате објекти за кои се води постапка за легализација пред Министерството за транспорт и врски? – Одговор
  • Барање: Листа на репрезенативни трошоци на министерот во првите 100 дена од новата Влада. – Одговор
  • Барање: Копија од записник за квалитативен и квантитативен прием на стоки кои се дел од договорот за јавна набавка бр. 18/3-157/19 од 06.06.2019 година за дел 3 – Дозер. – Одговор

 

 

Skip to content