Одржани редовни консултации со тимот за одбранбена трансформација на САД

Во периодот од 01-04 ноември тим од Соединетите Американски Држави за одбранбена трансформација (ISG) беше во посета на Министерството за одбрана и на Генералштабот на Армијата, при што се одржаа редовните консултации со претставници од МО и ГШ со цел размена на искуства и ставови поврзани со одбранбените процеси.

За време на средбите се дискутираше на повеќе теми во врска со одбраната и преземање на следни чекори меѓу кои кариерно водење на персоналот, унапредувањето, новата предлог структура на Армијата, воведување нов модел на оценување, но и се споделија искуства во поглед на склучувањето на меѓународните договори кои се специфични за секоја земја посебно. На средбите беше нагласено дека со брзиот развој на технологијата ќе има потреба и во иднина да се прават и соодветни ажурирања и промени на персоналната структура и дека склучување на договор со НАТО агенцијата за снабдување (NSPA) ќе ги намали трошоците за модернизација и ќе се намали времето за испорака на средствата и опремата.

Во име на министерката за одбрана и во име на началникот на Генералштабот, директорот на ГШ, генерал мајор Зоран Милески се заблагодари за поддршката на ISG тимот за нивното залагање и пренесување на знаењата, искуствата и континуираниот придонес за изградбата на функционални и одржливи капацитети и процеси кои се водат во Министерството и Армијата.

Заклучок од реализираната посета се констатирани реализирани активности и постигнатите резултати, согласно плановите за развој на одбранбените капацитети, како и препораки за идните активностите во процесот на одбранбената трансформација.

Други вести
Skip to content