Квартален извештај на Секторот за инспекција за периодот јули – септември 2021

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството.
Секторот за инспекција во одбраната во периодот јули-септември 2021 година, изврши вонреден увид на документите од областа на одбраната во Јавната општинска установа детска градинка (ЈОУГД) „11 Октомври“ Скопје, согласно Налог на министерката за одбрана.
Секторот за инспекција во одбраната изработи и достави Предлог за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор и Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на исплата и висината на надоместоците за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба и служба на посебни воени објекти и за време поминато на трупно патување и служба под посебни услови на активен воен и цивилен персонал на служба во Армијата бр.01-1582/1 од 15.03.2021 година, во делот на членовите од 6 до 9, кои ги регулираат начинот и условите за остварување на правото на трошоците за превоз.

Други вести
Skip to content