Информација за откуп на станови од поранешниот фонд на ЈНА

Почитувани,

Со влегување на сила  на новото законско решение за продажба на станови „Закон за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерство за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија“ објавено во Службен весник на Република Северна Македонија, бр.163 од 16.07.2021 година се решава клучнo пpaшање на дел од нашите вработени односно се дава можност лицата кои живеат во овие категории на станови од фондот на поранешната ЈНА конечно да ги откупат.

Согласно законското решение потребно е да поднесете барање до Комисијата за спроведување на постапка за продажба на станови, заедно со сите наведени документи, а кои се потребни за откуп на стан кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерство за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија поранешниот фонд на ЈНА преку Деловодството на Министерството за одбрана најдоцна до 15 јануари 2022 година, со назнака:
 
ДО:  МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
          Комисија за спроведување на постапка за продажба на станови –
          Сектор за недвижности ( Претседател на комисијата)
 

Потребни документи за откуп на станови, согласно членот 5 (пет) од горе наведениот Закон:

– Решение за користење на станот или друг соодветен документ од членот 2 од овој закон,
– фотокопија од лична карта,
– уверение за државјанство на барателот,
– потврда издадена од Агенција за катастар на недвижности со кои корисникот потврдува дека нема во сопственост стан или куќа на територијата на Република Северна Македонија или во сопственост на член на неговото семејно домаќинство (брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување) и
– Потврда од работодавачот дека е во работен однос или бил во работен однос во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија најмалку десет години.

Документацијата, се доставува во оригинал или копија заверена на нотар, не постара од шест месеци.

 

За дополнителни прашања во врска со откупот на станови

Контакт информации:
Билјана Јаневска
тел: 070-403-286 или 02/3282-569
емаил: biljana.janevska@mod.gov.mk

 

  • БАРАЊЕ за откуп на стан од поранешниот фонд на ЈНА – Превземи
  • Закон за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република  Северна Македонија – Превземи
Skip to content