Излезе од печат списанието „Штит“ број 144

Во новиот број на „Штит“ број 144, октомври 2021 г. ве информираме за неколку значајни настани поврзани со активностите на Министерствот за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија кои се одвиваа во изминатиот месец и ви пренесуваме нови интересни содржини во рамките на постојаните рубрики.

На 8 Септември беше одбележан Јубилејот „30 години независност“, а како дел од програмата за одбележување на Деност на независноста, беше и свеченото дефиле на ешалоните на единиците на Армијата.

Во рубриката „На прва линија“ пишуваме за бројните средби на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на официјалната посета на САД.

Ве информираме и за работните посети на министерката за одбрана на Австрија и на Италија.

Исто така и началникот на ГШ на Армијата имаше неколку значајни активности во текот на септември, за кои ве информираме. Ве информираме и за тековните активности на Организацијата на резервните старешини на Република Северна Македонија.

Од активностите на НАТО, ви пренесуваме анализа на дефинираните безбедносни закани и ризици за Алијансата кои се посочени во финалниот документ произлезен од Самитот на НАТО во Брисел. Исто така ви ги пренесуваме искуствата и препораките на НАТО за употреба на вооружените сили на НАТО во поддршка на цивилните власти.

Од центрите на извонредност во НАТО, во овој број ви го претставуваме Центарот за анализа и симулација за подготовка на воздушни операции.

Во рубриката „Глобал“ пишуваме за последиците од климатските промени.

Прочитајте за поставките во Воениот музеј на Народна Република Кина.

Запознајте се со уште неколку видови нови и стари армиски орудија и нивните технички перформанси.

Од историските теми, во овој број пренесуваме анализа за завршните операции во текот на Втората светска војна за ослободување на Велес, како и историски напис за витезите „Темплари“.

Во рубриката „Уметниците и војната“ прочитајте за ликот и делото на сликарот Павле Паја Јовановиќ.

Други вести
Skip to content