Излезе од печат новиот број на списанието ШТИТ, број 145

Во фокусот на број 145 на списанието „Штит“ е учеството на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел, кои се одржаа на 21 и 22 октомври. Министрите за одбрана на 30-те земји членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата. Во Брисел министерката Шекеринска се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино со кој разговараше за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и оствари средби со министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес и со министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ.

Ве информираме и за посетата на началникот на ГШ на ВС на Унгарија генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, како и за посетата на НГШ генерал Ѓурчиновски на Косовските безбедносни сили и на Командата на КФОР. Ве информираме за прославата по повод Денот на Командата за операции, како и за хуманитарните акции и спортските достигнувања на нашите припадници.

Во „Штит“ број 145 можете да се информирате подетално за големата NATO EADRCC вежба „Северна Македонија 2021“, планирана во согласност со политиката за вежби за цивилно планирање при итни состојби во рамките на Евроатлантскиот партнерски совет, во коорганизација помеѓу Евроатлантскиот координативен центар за одговор на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC) и Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, која се одржа во Охрид и во Струга.
Во овој број на „Штит“ ви го претставуваме Центарот за цивилно-воена соработка на НАТО.

Прочитајте повеќе за процесот на разоружување, демобилизиција и реинтеграција во рамките на мировните мисии.

Во рамките на рубриката „Воена едукација“ дознајте ги разликите помеѓу стратегиските концепти во теоријата на Клаузевиц и на Жомини.

Запознајте се со поставките во музеите на воената авијација на Република Турција, но и со прекрасната збирка на раритетно оружје во Музејот „11 Октомври“ во Прилеп.

Прочитајте за завршните операции за ослободување на градот Велес.

Запознајте се со уште неколку видови армиски орудија и нивните технички перформанси.

Други вести
Skip to content