Башким Хасани
Башким Хасани е роден на 28 ноември 1980 година во с.Пирок, Тетовско.
Основното и средното гимназиско завршува во Гостивар.
Дипломира на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Професионалната кариера ја започнува во 2002 година како професор по физичко образование, спорт и здравје, ангажман што го извршува до 2008 година.
Во периодот од 2008 до 2013 година е директор на Националната установа „Центар заКултура – АСНОМ“ – Гостивар.
Од 2013 до 2019 година е раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот при Општина Гостивар.
Во периодот од 2019 до 2020 година е заменик-директор на Управата за финансиска полиција.
Од септември 2020 година ја извршува функцијата заменик- министер за одбрана.
Говори албански, македонски и англиски јазик.
Контакт:
тел: 02/328 20 22
e-mail: bashkim.hasani@mod.gov.mk