Државниот секретар Николиќ ја отвори втората работилница „Буџетирање“ дел од процесот на ППБИ

На 14 и 15 октомври во Домот на Армијата во Скопје се одржа втората работилница „Буџетирање“ дел од отпочнатиот процес на унапредување на системот за планирање, програмирање, буџетирање и извршување (ППБИ) во Министерството за одбрана на која присуствуваа државниот секретар Драган Николиќ и Директорот на Генералштабот на Армијата генерал мајор Зоран Милески.
Работилницата ја отвори државниот секретар Драган Николиќ кој во своето обраќање се осврна на важноста на усогласувањето на повеќегодишните процеси за развој на ниво на Министерството за одбрана со Стратешките процеси на развој на Владата на Република Северна Македонија, како и за процесот на одбранбено планирање согласно целите што произлегуваат од полноправното членство во Северноатлантската алијанса. На крај од своето обраќање, државниот секретар Николиќ, ја потенцираше потребата од сеопфатно и темелно разгледување на системот за повеќегодишно планирање како предуслов за успех во одбраната.
Основната цел на работилницата на која учествуваа раководителите на сектори од Министерството за одбрана и началници на секции од Генералштабот на Армијата, како и советникот од САД, Лари Свифт, беше извршена анализа на сегашното функционирање на системот со посебен фокус на „буџетирањето“, утврдување на недостатоците и можностите за подобрување на истиот.

Други вести
Skip to content