Државниот секретар Николиќ положи венци на француските, германските и српските воени гробишта

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ заедно со делегација од Министерството положи венци со свежо цвеќе на француските, германските и српските воени гробишта.

На француските воени гробишта во Битола и на германските воени гробишта во Прилеп денеска се одржаа комеморации во спомен на жртвите од Првата светска војна и помирувањето помеѓу народите. На комеморациите присуствуваа францускиот амбасадор СирилБомгартнер и германската амбасадорка АнкеХолштајн. Вчера беше одржана комеморација и на српските воени гробишта во Битола на која присуствуваше амбасадорката Невена Јовановиќ.

Други вести
Skip to content