Билатерален состанок од областа на инспекциски надзор во одбраната

Во периодот од 26-28 октомври, претставници од Министерство за одбрана на Црна Гора од одделот за инспекција во одбраната беа во посета на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Посетата беше реализирана согласно планот за билатерална соработка во одбраната за 2021 година помеѓу двете земји.
За време на посетата делегацијата оствари средба со државниот секретар Драган Николиќ и имаше состанок со претставници од Секторот за инспекција во одбраната при Министерството за одбрана.
На средбите беа презентирани идните планови од областа на инспекцискиот надзор во одбраната од страна на претставниците на двете министерства како и размена на искуства од оваа област, законското уредување и предлози за унапредување на истите. Дополнително се разговараше и за продлабочување, размена и стекнување на нови искуства во планирање и извршување на инспекцискиот надзор, законската и подзаконската регулатива на инспекциската служба во одбраната и нивно усогласување со останатите законски регулативи.
За време на посетата, црногорската делегација беше во посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, при што претставниците на делегацијата имаа можност да се запознаат со военото образование на Воената академија и остварија средба со питомците од Црна Гора кои се школуваат токму овде.

Други вести
Skip to content