
Магазинот „Штит“ е илустрирано списание кое го издава Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.
Списанието излегува еднаш месечно на 60 страници во колор, на македонски и на албански јазик.
„Штит“ започна да излегува во 2009 година.
Основна цел и намена на списанието е да ја информира јавноста за активностите и достигнувањата на Армијата, да едуцира за теми од одбраната, да претставува нови оружја и опрема, да објавува воени анализи од еминентни домашни и странски експерти итн.
Во „Штит“ се објавуваат написи со различна содржина поврзана со одбраната и безбедноста. Содржините во магазинот се подредени според тематиката на написите во рубрики ( Инфо, Инфо армија, На прва линија, НАТО активности, Глобал, Воена едукација, Вооружување, Низ воената историја, Филм, Незадолжително и други).
Во списанието „Штит“ може да пишуваат и надворешни соработници кои се компетентни за темите за кои пишуваат. Ставовите во написите од надворешните соработници не се официјални ставови на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.
Главен и одговорен уредник
д-р Жанет Ристоска
Редакција
Умит Реџепи – ликовно-графички и технички уредник
Кристина Илиевска – новинар, фотографии
Ксенија Митева-Котеска – лектор
Адреса на редакцијата
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА – Магазин „ШТИТ“
ул. „Орце Николов бр.116, 1000 Скопје
Контакт:
Телефони: 02/312-82-76
02/311-35-27
www.morm.gov.mk
Издавачки совет на списанието „Штит“
Претседател на Издавачкиот совет,
полковник Иван Атанасоски,
раководител на Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка;
Заменик-претседател на Издавачкиот совет,
Членови на Издавачкиот совет:
Лидија Јанчовска Христова, посебен советник за односи со јавноста;
Соња Крамарска, посебен советник за односи со јавноста;
Афрдита Волина, раководител на Сектор за човечки ресурси;
потполковник Тони Јаневски, началник на Канцеларијата на односи со јавноста во Генералштабот на Армијата;
потполковник Лилјана Петреска, офицер за морал во Одделение за квалитет на живеење и морал во Секцијата за персонал;
Потполковник Виолета Костадинова, заменик на началникот за цивилно-воена соработка во ГШ на Армијата (заменик-член);
Билјана Иванова, раководител на Одделението за издавачка дејност и продукција;
д-р Жанет Ристоска, главен и одговорен уредник на „Штит“.