Учество на претставниците на Северна Македонија во НАТО на донаторски настан во Врховната команда на сојузничките сили во Монс

Во Врховната командата на сојузничките сили (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија во периодот 20-21 мај 2022 година, традиционално се одржа Донаторски настан „Make a Wish“ на кој учество земаа и семејствата на старешините и цивилните лица од Армијата и Министерството за одбрана кои своите должности ги извршуваат во рамки на Врховната команда во Монс и во Постојаната делегација на Република Северна Македонија во Командата на НАТО во Брисел.

Донаторскиот настан на кој учествуваат сите нации присутни во SHAPE традиционално се одржува секоја година во месец мај за децата со посебни потреби во Белгија, го промовира духот на единство и поддршка кон благородната цел. Истиот е во организација на Врховната команда – SHAPE, а собраните финансиски средства одат во поддршка на Make a wish South Фондацијата.

Во рамки на овој настан, кој има и рекреативен и спортски карактер се одржа и 24 часовна маратонска трка на која учестуваше и тим од македонските претставници.

Други вести
Skip to content