Шекеринска – Над: Сојузништвото во НАТО ја отвора вратата кон поинтензивна соработка, потребен е исчекор во европската интеграција

Поставени се темелите за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете земји – сојузнички во НАТО, Северна Македонија и Словачка, со што ќе се развијат и националните, но и капацитетите на Алијансата за колективна одбрана. Полноправното членство на Северна Македонија во Алијансата ја зацврсти регионалната безбедност, а сега е потребно да се направи и долгоочекуваниот и заслужен исчекор во европската интеграција на земјите од Западниот Балкан. Тоа е заклучокот од денешната средба во Братислава, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словачки колега, Јарослав Над.

Министерката Шекеринска истакна дека членството на земјава во Алијансата е придобивка за безбедноста на целиот регион. Таа порача дека почетокот на пристапниот процес за членство на Северна Македонија во Унијата ќе ги зацврсти европските вредности и ќе овозможи земјата и регионот да продолжат да се развиваат согласно европските вредности, и истовремено ќе им стави крај на обидите за други неевропски влијанија.

Министерот Над изрази отворена и јасна поддршка за почетокот на пристапните преговори за Северна Македонија, укажувајќи на тоа дека земјата го испорача она што го вети и дека позитивна одлука на Европската Унија ќе ја потврди кредибилноста на пристапниот процес.

Во контекст на одбранбената соработка, министрите Шекеринска и Над укажаа на отвореноста на двете земји за нејзино интензивирање, имајќи предвид дека и Северна Македонија и Словачка цврсто веруваат дека единството во НАТО, меѓусебната поддршка во развојот на одбранбените капацитети и цврстата определба за колективна одбрана се темелите за одржување на безбедноста и просперитетот во евроатлантската област

Други вести
Skip to content