Северна Македонија за прв пат претставена на НАТО „SHAPE Fest“


Годинава Северна Македонија за прв пат беше претставена на НАТО „SHAPE Фест“, настан со кој секоја од земјите – членки го презентира своето културно наследство и своите автентични производи.
На штандот на Северна Македонија кој беше организиран од Канцеларијата за врски при SHAPE со поддршка од македонската заедница во Монс и Брисел, беше претставен промотивен материјал за земјата, како и автентична храна и пијалоци. Штандот предизвика големо внимание и беше карактеризиран како едно од најубавите штандови.
SHAPE Fest е највпечатлив и најмасовен настан кој се организира секоја година во септември.

Други вести
Skip to content