Романскиот воен авион со голем капацитет, Ц-27 Спартан, се вклучува во борбата со пожарите


Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во земјава и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари. Авионот ќе дејствува во беровскиот регион.

Наскоро се очекува да пристигне уште еден романски авион кој ќе донесе контејнери и дополнителна придружна опрема во поддршка на справувањето со пожарите.

Поддршката од нашиот НАТО сојузник, Романија, во справувањето со огнените стихии дојде, по барањето на министерката Шекеринска до нејзиниот романски колега, Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите.

„Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка“, беше наведено во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

Други вести
Skip to content