Реализиран Курс за НАТО стандардизацијата која е клучна алатка за интероперативност

Мобилен тренинг тим на НАТО – Канцеларијата за стандардизација на 14 и 15 декември во Домот на Армијата реализираше Курс за НАТО стандардизација наменет за вработените во Министерството за одбрана и Армијата.

Државниот секретар во Министерството, Драган Николиќ на отворањето на курсот ја истакна важноста на стандардизацијата во одбраната, како и посветеноста на Министерството за одбрана и Армијата за континуирано унапредување на стандардизацискиот систем во одбраната. Николиќ потенцираше дека со поддршка од страна на НАТО структурите за стандардизација преку ваков тип на курсеви и обуки се постигнуваат значајни придобивки за развој на националните капацитети и исполнување на целите на способности во НАТО.

Курсот се фокусираше на зголемувањето на знаењата за НАТО стандардизацијата, како и на улогата на националните претставници и стручни лица во НАТО работните тела за стандардизација. Учесници на курсот беа раководни и стручни лица вклучени во стандардизациските процеси во одбраната.

Стандардизацијата како една од клучните алатки за постигнување на интероперативност е основа за успешен придонес и соработка во НАТО мисиите и операциите.

Други вести
Skip to content