Реализирана работилница „Обука за мониторинг и евалуација“

Министерството за одбрана во соработка со Клириншката куќа за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC), на 12 и 13 мај во Скопје реализираа работилница „Обука за мониторинг и евалуација“, која е во рамки на проектот „Зајакнување на регионалната соработка за вклучување на родовите аспекти во реформата на безбедносниот сектор во Западен Балкан“.

Работилницата беше организирана со цел да ја подржи Работната група за координација, мониторинг и евалуација на вториот Национален акциски план (НАП) за имплементација на Резолуцијата 1325 – Жени, мир и безбедност (2020-2025) на Република Северна Македонија, да ги подобри капацитетите и компетенциите на членовите на работната група, односно да воспостави рамка за посистематско следење и евалуација на постојниот НАП.“

Други вести
Skip to content