Реализација на работилница во соработка со Институтот Клингендаел на тема “Развивање на наставни програми 2“

Во рамки на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во тек е реализирање на Проект за сеопфатна обука и поддршка за градење на капацитетите на Министерството и Армијата, кој се спроведува во соработка со Холандскиот институт за меѓународна соработка Клингендаел од Хаг. Проектот се имплементира во период од три години (2021-2023 година) каде се планирани повеќе активности во различни области на поддршка понудени од холандска страна.

Во рамки на реализацијата на Проектот, во периодот од 11 до 13 Јули 2022 година во Центарот за обука “Д-р Џозеф Крузел“ се спроведува работилница на тема “Развивање на наставни програми 2“. Истата е наменета за вработени од Министерството, Армијата и Воената академија кои учествуваат во процесот на изработка и развивање на наставни програми, односно за вработени во центрите за обука и обучувачи од различни области на кои им се потребни ваков вид на знаења, како и лица кои планираат да се развиваат во оваа област. На работилницата учествуваат вкупно тринаесет учесници, додека обучувачи на истата се експерти од Институтот Клингендаел.

Активноста се одвива преку работа во групи и сценарија, при што од повеќе аспекти се разгледуваат најдобрите алатки за креирање на наставни програми и користење на современи методи во создавањето на конкретни содржини наменети за целните групи на обука.

Имено, преку оваа работилница учесниците ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења и да ги подобрат своите вештини во делот на креирање и обликување на наставни програми.

Други вести
Skip to content