Промовирани новите 23 офицери – потпоручници во Армијата и заклетва на 25.класа на питомци во Воената академија

На воена свеченост во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денес се промовираа новите офицери на Армијата од 21-та класа, во чин потпоручник и свечена заклетва дадоа новите питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од 25-тата класа.

На свеченоста присуствуваа Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, високи гости од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од министерствата за одбрана на Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора и други гости.

Во рамки на свеченоста Претседателот Пендаровски, министерката Шекеринска и началникот на Армијата, генералот Ѓурчиновски на тројцата прворангирани питомци Реџеп Мустафовски, Илчо Ѓоргиевски и Дамјан Анѓелески им врачија соодветни подароци за постигнатиот успех.

Од 21-та класа, се промовираа 23 потпоручници од кои 17 машки и 6 женски, кои ќе продолжат да ја градат својата кариера во единиците на Армијата, а исто толку питомци од 25-тата класа со давање на свечената заклетва започнуваат со воено четиригодишно образование од првиот циклус на студии на Воената академија.

Други вести
Skip to content