Одлучна поддршка

2015 – 2021

Република Северна Македонија останува посветена на обврските и задачите како земја членка на Алијансата. Почнувајќи од 01.01.2015 година, нашата земја тогаш како земја кандидат за членство во најголемиот воено – политички Сојуз – НАТО, се приклучи со придонес во мировната мисија во Авганистан наречена „Одлучна поддршка“ (“Resolute Support”) предводена од НАТО. Во оваа мисија учествувавме со над 500 припадници на Армијата.

Придонесот во оваа мировна мисија, беше согласно потребите на мисијата и расположливите капацитети на Армијата на Република Северна Македонија,  во соработка со силите на САД и Република Турција и тоа:

  • со штабни офицери и подофицер во соработка со вооружените сили на Република Турција во Командата за обука, советување и асистенција (КОСА) – Главен град (Кабул).
  • со офицери, подофицери и војници во соработка со вооружените сили на Соединетите Американски Држави.

Нашите припадници во оваа мисија придонесуваа во соработка со силите на САД, Република Турција, Сојузна Република Германија, како и во рамките на регионалниот придонес во А5 формат и тоа:

  • со единица за обезбедување на Командата на мисијата  „Одлучна поддршка“ (во Кабул);
  • со штабен персонал во Командата на мисијата  „Одлучна поддршка“ (во Кабул)
  • со штабен персонал во соработка со силите на Република Турција во Командата за обука, советување и асистенција – Главен град (во Кабул);
  • со штабен персонал и советници во соработка со силите на Сојузна Република Германија во Командата за обука, советување и асистенција – Север (во Мазар и Шариф), и
  • со штабен персонал во рамките на заедничкиот контингент на САД-Јадранската повелба, во Командата за обука, советување и асистенција – Север (во Мазар и Шариф).

Во рамки на оваа мисија, во соработка со вооружените сили на Кралството Норвешка беше упатен и еден хируршки тим составен од 5 лица во рамки на Норвешката ROLE 2B полска болница.

Мисијата „Одлучна поддршка“ е неборбена мисија на НАТО која има за цел да помогне на Авганистан во развивањето на капацитети за одбрана на државата и одржливи капацитети за заштита на граѓаните, а во согласност со принципите на ефикасно владеење и владеењето на правото. Мисијата првенствено се фокусира на активности за обука, советување и помош во министерствата и институциите на Авганистан, односно поддршка во областите на оперативно планирање, буџетски развој, процес на генерирање на сили, управување и развој на персоналот, логистичко одржување и цивилен надзор.

„Одлучна поддршка“ е мисија со мандат за обука, советување и асистенција на Авганистанските власти, со рапидно помала бројна состојба на персоналот во однос на мисијата ИСАФ. Истата е активирана на 01.01.2015 година, односно по завршувањето на операцијата на НАТО – ИСАФ (на 31.12.2014 година), а со цел да овозможи понатамошно унапредувањето на безбедносните и институционалните капацитети на Авганистан. Моментално, воениот и цивилниот персонал на мисијата на дневна основа обезбедуваат обука, советување и помош на Авганистанските партнери, во областите кои се критични за целосно фунционирање на Власта. Тоа подразбира развој на Авганистанското лидерство, советувања за реформи и борба против корупцијата, како и обука, советување и помош на капацитетите на Авганистанските Одбранбени и Безбедносни Сили, за целосна контрола и заштита на територијата на Авганистан.

Skip to content