Министерката Шекеринска положи венец со свежо цвеќе во спомен на загинатите мировници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето кај Катлановско Блаце во спомен на 11-те припадници на Армијата кои пред 14 години загинаа во хеликоптерската несреќа враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА.

Во хеликоптерската несреќа животите ги загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

На спомен-обележјето свежо цвеќе положи и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, како и делегации од кабинетот на Претседателот, општината Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, Првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ положија свежо цвеќе на спомен-обележјето пред командата во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец.

Други вести
Skip to content