SEDM – South East Defence Ministerial
South East Defence Ministerial (SEDM), претставува процес на соработка меѓу Mинистерствата за одбрана на Југоисточна Европа (ЈИЕ) со цел јакнење на политичко-воената соработка во регионот и подобрување на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ. За првпат беше инициран во март 1996 година, во Тирана, како прв од серијата состаноци на министрите за одбрана, замениците министри за одбрана и замениците началници на генералштабови на земјите од Југоисточна Европа.
Правна рамка за соработка во рамките на иницијативата претставува Договорот за воспоставување на Координативниот комитет во рамките на SEDM процесот (Agreement on the establishment of a Coordination Committee in the framework of South-Eastern Europe Defence Ministerial Process) потпишан во Солун 2000 и подоцна новиот Agreement on the establishment of a Coordination Committee in the framework of South-Eastern Europe Defence Ministerial Process потпишан во Софија во 2009 година.
Земји членки на СЕДМ се: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Хрватска, Република Грузија, Република Грција, Република Италија, Црна Гора, Романија, Република Србија, Република Словенија, Република Северна Македонија, Република Турција, Република Украина и САД, додека пак Република Молдавија има статус на земја набљудувач.
Во СЕДМ иницијативата постојат две управувачки тела, СЕДМ Координативниот комитет (SEDM CC) и Политичко управниот воен комитет ПВУК (PMSC – Political Military Steering Committee) со кои раководи Секретаријат врз основа на двегодишна ротација. Во моментов (2021–2023) со Секретаријатот на СЕДМ-КК/ПВУК претседава Република Бугарија, која во јули 2021 година го презеде претседавањето од Република Албанија. Претседавач со Секретаријатот на СЕДМ-КК/ПВУК е заменик министерот за одбрана на Република Бугарија, Пламен Христов Јорданов.
Во рамките на СЕДМ иницијативата функционираат неколку проекти.
Најголемиот и најзначајниот е ММСЈИЕ (Мултинационални мировни сили на ЈИЕ), односно СЕЕБРИГ (South-East European Brigade). Бригадата е формирана во 1999 година врз основа на Спогодба за ММСЈИЕ потпишан од страна на министрите за одбрана на 26 септември 1998 во Скопје, Република Македонија СЕЕБРИГ беше воспоставена од страна на седум земји членки (Република Северна Македонија, Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Италија, Романија и Република Турција). Со СЕЕБРИГ управува Политичко воено управен комитет – ПВУК (Political Military Steering Committee – PMSC). Република Северна Македонија во СЕЕБРИГ придонесува со Механизирана пешадиска чета, Инжинериски вод (двете единици се стационирани во Република Северна Македонија и се на повик) и со 8 штабни офицери.
Од август 2020 година Република Северна Македонија домаќин на Штабот на СЕЕБРИГ. Штабот на СЕЕБРИГ е лоциран во касарната “Боро Менков” во Куманово, додека членовите на семејствата на персоналот во Скопје.
Статус на SEDM процесот
Во моментов (2021–2023) со координативните тела на SEDM иницијативата претседава Република Бугарија.
Проектите во SEDM
Во рамките на SEDM иницијативата функционираат неколку проекти чија основна цел е продлабочување на регионалната соработка, размена на искуства и информации во различни области и подобро функционирање на SEDM процесот.
SEESIM (South East Europe Simulation Exercise)
Проектот SEESIM претставува серија на симулациски вежби кои се изведуваат секоја втора година и се замислени како соработка меѓу земјите во регионот на ЈИЕ преку мрежно поврзување за размена на информации и асистирање во кризни ситуации било да се од природен карактер или предизвикани од човек. Во рамките на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, носител на проектот е Секторот за цивилно воена соработка (СЦВС) со Регионалните центри за одбрана (РЦО) на МО.
SEESIM – South East Europe Simulation Exercise.
FLSD (Female Leadership in security and defence)
FLSD Проектот иницијално е промовиран од страна Република Бугарија, а истиот е одобрен и прифатен на состанокот на Министрите за одбрана на земјите членки на SEDM одржан на 03.10.2011 во Анталија, Р. Турција. Целта е унапредување на процесот на имплементација на родовата перспектива и развој на капацитетите преку размена на идеи и размена на информации од заеднички интерес.
BII (Building Integrity Initiative)
И овој проект е промовиран од страна на Република Бугарија чија основна цел е намалување на ризиците од корупција во безбедносниот сектор. Со оглед дека во изминатите две години не се случиле позначајни активности во рамките на проектот, Бугарија предложи на следниот состанок овој проект да биде исклучен од агендата.
IMIHO (Interconnection of Military Hospitals)
IMIHO (Interconnection of Military Hospitals ) како проект во рамките на SEDM претставува интернационална непрофитабилна иницијатива која овозможува размена на медицински информации меѓу Воените Болници на брз, лесен, ефтин и едноставен начин, користеќи ја интернет технологијата. Носител на проектот е Грција. Во рамките на МО на МКД, носител на проектот е ГШ на АРСМ (координатор – ппк. Елизабета Наумовска Петрески).
SEDM WEB Portal
Целта на овој проект e обезбедување на перманентен безбеден портал, односно информатички сервис кој претставува поддршка на SEDM. Порталот обезбедува безбедна размена на информации и документи кои се креираат при реализација на активностите на SEDM. Во рамките на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, носител на проектот е Секторот за К-4.