ВЕСТИ

Славјанка Петровска ја презема функцијата министерка за одбрана од Радмила Шекеринска, одбраната ќе продолжи да се развива со брзо темпо

Со церемонија во Министерството за одбрана, Славјанка Петровска ја презеде функцијата министерка за одбрана од досегашната министерка Радмила Шекеринска. Петровска во својот прв говор како министерка за одбрана порача дека ја презема оваа функција во многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што беа во 2017 година и дека денес, нашата татковина е земја членка на НАТО за што требаше многу труд, посветеност и политичка пожртвуваност за сето ова да стане реалност. Министерката и се заблагодари на…

Министерката Шекеринска положи венец со свежо цвеќе во спомен на загинатите мировници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето кај Катлановско Блаце во спомен на 11-те припадници на Армијата кои пред 14 години загинаа во хеликоптерската несреќа враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА. Во хеликоптерската несреќа животите ги загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики…

Признание за одличната соработка и силното сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД, Шекеринска е прв министер за одбрана кому му е укажана честа да го прими американското знаме

„Чест ми е, задоволство, огромен комплимент и привилегија денес да бидам првиот македонски министер кој го прима знамето на САД како симбол и признание на одличната соработка и зајакнатото партнерство и сојузништво“, рече денес министерката Радмила Шекеринска на свечената церемонија во нејзина чест на која од страна на американската амбсадорка Кејт Мари Брнз и беше предадено американско знаме. Овој чин познат во американската дипломатија како највисок израз на почит кон работата на политичари од странски земји, што меѓу…

Признание за лидерството и визијата на министерката Шекеринска од Асоцијацијата на одбранбени аташеи по редовниот годишен брифинг со претставниците на сојузничките армии

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска доби признание од Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Северна Македониј за, како што рече нејзиниот претседател, американското одбранбено аташе полковникот Питер Роуел, нејзиното лидерство во процесот на зачленување на нашата држава во Алијансата и за нејзината визија за развој на одбраната и на Армијата согласно стандардите на Алијансата. Министерката Шекеринска се заблагодари за овој гест и порача дека последните четири и половина години беа тешки, но…

Министерството за одбрана годинава – домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, оваа година ќе се реализира во Северна Македонија. Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации. На конференцијата која ќе се одржи наесен, во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО експерти за стратешки комуникации од сите земји – членки на Алијансата…

Инвестициите во Криволак направија ценет домашен и НАТО капацитет: оваа година најголемата сојузничка вежба SWIFT RESPONSE – 22 ќе содржи и воздушен десант со над 1000 падобранци

„Вложувањата во инфраструктурата и условите на Криволак, го легитимираат како еден од поголемите и подобри воени полигони, не само во регионот, туку и во Европа. Денеска уште еднаш се уверивме дека Криволак доби нов лик и станува современ полигон за вежби на нашата и сојузничките Армии, вреден домашен и НАТО капацитет и наш придонес како членка на НАТО во подготвеноста на армиските сили на Алијансата“ изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска заедно со претставници од Генералштабот на Армијата на…

ИНФОРМАЦИИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО

Квартален извештај на Секторот за инспекција за периодот октомври – декември 2021

Согласно член 166-г од Законот за одбрана (,,Службен весник на РМ бр.42/01,05/03, 8/06, 110/08, 51/11, 151/11, 185/11, 215/15 и 42/20), Министерството за одбрана има обврска да изготви и достави квартален извештај, кој се објавува на интернет страницата на министерството. Секторот за инспекција во одбраната во периодот октомври-декември 2021 година, нема извршено инспекциски надзори согласно програмата. Во овој квартален период, Секторот за инспекција во одбраната, работеше на усогласување на регулативата во делот на…

Излезе од печат новиот број на списанието „Штит“, број 147

Во првиот, јануарски број, во новата 2022 година ве потсетуваме на најважните настани што се случија кон крајот на старата 2021 година. Како централен настан за кој пишуваме е церемонијата која се одржа во касарната во Петровец, со која се одбележа почетокот на приклучувањето на Северна Македонија во мисијата за воздушно патролирање на НАТО и на која присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, командантот на Комбинираниот воздухопловен оперативен центар во Торехон, Шпанија, генерал-потполковник Фернандо де…

Реализиран Курс за НАТО стандардизацијата која е клучна алатка за интероперативност

Мобилен тренинг тим на НАТО – Канцеларијата за стандардизација на 14 и 15 декември во Домот на Армијата реализираше Курс за НАТО стандардизација наменет за вработените во Министерството за одбрана и Армијата. Државниот секретар во Министерството, Драган Николиќ на отворањето на курсот ја истакна важноста на стандардизацијата во одбраната, како и посветеноста на Министерството за одбрана и Армијата за континуирано унапредување на стандардизацискиот систем во одбраната. Николиќ потенцираше дека со поддршка од страна на…

Информација за користење на хотел „Шар“ – Попова Шапка

Сектор за услуги, туризам, возен парк, одржување и обезбедување ги известува сите заинтересирани вработени во Министерството за одбрана, ГШ на Армијата на Република Северна Македонија дека зимската туристичка сезона 2021/2022 во хотелот „Шар“, на Попова Шапка започнува од 26.12.2021 и ќе трае до 15.04.2022 година. Сите заинтересирани кои би сакале да го користат овој капацитет потребно е да поднесат барање за сместување, доставувено до СУТВПОиО, Одделение за услуги и туризам, Дом на Армијата Скопје. По применото барање,…

Градењето интегритет во одбраната, еден од приоритетите на Министерството – реализирани обуки за градење интегритет во човечките ресурси и јавните набавки

Изминатите две недели во организација на Министерството за одбрана и норвешкиот Центар за интегритет во одбранбениот сектор реализирани беа обуки за градење на интегритет во областа на човечките ресурси и на јавните набавки. Целта на обуката за градење интегритет во доменот на човечките ресурси беше запознавање со основните принципи, концепти и алатки за управувањето со човечките ресурси, додека обуката за градење интегритет во јавните набавки се фокусираше на утврдувањето на принципите и најдобрите практики за…

Излезе од печат новиот број на списанието ШТИТ, број 146

Месец ноември го одбележаа неколку значајни настани за кои пишуваме во овој број на „Штит“. На 16 ноември беше потпишана Заедничка декларација за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, за што пишуваме во овој број на „Штит“. Исто така пишуваме и за Состанокот на министрите за одбрана на земјите од Регионот во рамките на Регионалната иницијатива СЕДМ, кој се одржа во Скопје и на кој се разговараше за клучните безбедносни предизвици за земјите од регионот на Југоисточна Европа. Ве информираме и за…

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ:
e-mail: media@mod.gov.mk

Лидија Јанчовска Христова
тел | +389 2 328 2048
e-mail: lidija.jancovska@mod.gov.mk
Соња Крамарска
тел | +389 2 328 2432
e-mail: sonja.kramarska@mod.gov.mk
Иван Петрушевски
тел | +389 2 328 2487
e-mail: ivan.petrusevski@mod.gov.mk
Душко Аврамовски
тел | +389 2 328 2487
e-mail: dushko.avramovski@mod.gov.mk

Skip to content