Информација за користење на автокамповите во Охрид и Стар Дојран
Сектор за услуги, туризам, возен парк, одржување и обезбедување ги известува сите заинтересирани вработени во Министерството за одбрана, ГШ на Армијата на Република Северна Македонија дека летната туристичка сезона 2021 година во А.К. „Васко Карангелески“ Св.Наум, Охрид и А.К.„Дојран“ Стар Дојран започнува од 10.07.2021 година. Барање за сместување во наведените објекти се доставуваат до СУТВПОиО, Одделение за услуги и туризам, Дом на Армијата Скопје. По применото барање, телефонски ќе бидете известени 7 дена пред почетокот на смената.
Смени за сместување во автокамповите се:
Ред. бр. | ЗАПОЧНУВАЊЕ НА СМЕНАТА | ЗАВРШУВАЊЕ НА СМЕНАТА | БРОЈ НА НОЌЕВАЊА |
1. | 11.07.2021 година | 20.07.2021 година | 9 |
2. | 21.07.2021 година | 30.07.2021 година | 9 |
3. | 01.08.2021 година | 10.08.2021 година | 9 |
4. | 11.08.2021 година | 20.08.2021 година | 9 |
5. | 21.08.202 година | 30.08.2021 година | 9 |
Лице за контакт за поднесување на барањата за во А.К. „Васко Карангелески“ Св.Наум е Весна Пушкоска Танеска тел.071/339-430, а за во А.К.„Дојран“ Стар Дојран е Гоце Дојошевски 070/403-366.
Ценовик за летна туристичка сезона 2021