Излезе од печат списанието „Штит“ број 154


Августовскиот број 154 на списанието „Штит“ е во знакот на големиот јубилеј „30 години од формирањето на Армијата“. Во таа насока е и интервјуто со професор д-р Трајан Гоцевски како автор на монографијата „30 години македонска армија“, во кое акцентот е ставен токму на најзначајните настани и фази од формирањето на нашата армија. Исто така, во овој број на „Штит“, како шесто продолжение во рамките на фељтонот „Од идеја до изградбаа на систем на национална одбрана“, а по повод 30-годишниот јубилеј од формирањето на македонската одбрана и Армијата прочитајте за улогата на мисиите на меѓународната заедница во процесот на одржување на мирот“.

Во овој број на списанието „Штит“, од актуелните настани во текот на изминатиот месец, издвоивме неколку за кои пишуваме во овој број. Министерката за одбрана Славјанка Петровска, како член на високата државна делегација која ја предводеше претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, учествуваше на Самитот на НАТО кој се одржа во Мадрид, Кралството Шпанија. Во рамките на Самитот на НАТО во Мадрид таа учествуваше и на работната вечера на министрите за одбрана на НАТО на која се дискутираше на темата „Влијанието на хибридните закани во Западен Балкан”.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во МО, оствари средба со тим на Единицата за соработка на меѓународните капацитети во НАТО Одделот за инвестиции во одбраната, предводена од Јоаким Хофбауер, на која стана збор за капацитетите на Центарот за обука на пилоти, кој е дел од структурата на Армијата како Сквадрон за обука и тренажа. Исто така во текот на изминатиот месец министерката Петровска оствари работна средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на која главниот фокус беше ставен на подготовките за воспоставување на национална структура поврзана со НАТО акцелераторот за одбранбени иновации наречен ДИАНА, со што ќе се овозможи посилен и побрз развој на нови и напредни технологии на полето на одбраната.
Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, присуствуваше на церемонијата на свеченото затворање и на завршната вежба на меѓународниот „Летен кампус 2022“, којшто се реализираше на армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“.

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ со пригодна свеченост беа промовирани новите 29 (дваесет и девет) поручници во служба на Армијата на Република Северна Македонија кои поминаа шестмесечен курс за стручно оспособување. На свеченоста присуствуваше и се обрати заменикот-министер за одбрана, Башким Хасани, кој упати честитки до новите офицери.

Од рубриката „Глобал“ го издвојуваме текстот на проф.д-р Нано Ружин „Малите држави и НАТО“.

Од активностите на НАТО, прочитајте за активностите на Центарот за воена медицина на НАТО.

Во рубриката „Воена едукација“ прочитајте за зајакнувањето на ракетната одбрана во Централна и Источна Европа.

Во овој број ви го претставуваме музејскиот комплекс на морнаричкото воздухопловство на САД, кој се наоѓа во поморската база Пенсикола во Флорида.

Во рубриката „Низ воената историја“ ве запознаваме со сторијата за потопувањето на германскиот воен брод „Бизмарк“ во текот на Втората светска војна.

Секако дека и во овој број на „Штит“ имате можност да се запознаете со дизајнот, карактеристиките и техничките специфики на уште неколку видови оружја. Дознајте кои се 10-те највлијателни пиштоли и револвери на сите времиња.

Други вести
Skip to content