Излезе од печат списанието „Штит“ број 152

Во јунскиот број 152 на магазинот „Штит“ најмногу простор и написи посветивме на големата мултинационалната вежба „Swift Response 22“, која се реализираше на армискиот полигон „Криволак“ во периодот од 2 до 20 мај.
Во рамките на вежбата, на 8 мај се одржа Отворен ден за воздухоплови на спортскиот аеродром „Стенковец“, каде беа прикажани дел од хеликоптерите кои се користат на вежбата, а имаше и прелети на авионите „А-10“ и „Ф-16“.

Прочитајте ги деталите во врска со Планот на Министерството за одбрана за повисоки еколошки стандарди во одбраната, со којшто Министерството за одбрана се позиционираше како лидер помеѓу институциите во заштитата на животната средина.

Од армиските активности ве информираме за присуството на Началникот на Генералштабот на Состанокот на Воениот Комитет на НАТО во Брисел, како и за одбележувањето на Денот на Логистичката база.

Продолжуваме со серијалот написи по повод Јубилејот „30 години од формирањето на Армијата“.

Прочитајте за одржаната Свечена академија по повод Јубилејот „70 години од формирањето на ОРОРСМ, на која свое обраќање имаше министерката за одбрана.

Ве информираме за уште неколку позначајни НАТО и сојузнички вежби.

Информирајте се за уште неколку видови армиско вооружување, авиони, борбени возила итн.

Други вести
Skip to content