Излезе од печат новиот број на списанието ШТИТ, број 146

Месец ноември го одбележаа неколку значајни настани за кои пишуваме во овој број на „Штит“. На 16 ноември беше потпишана Заедничка декларација за воена интеграција на Република Северна Македонија во НАТО, за што пишуваме во овој број на „Штит“.

Исто така пишуваме и за Состанокот на министрите за одбрана на земјите од Регионот во рамките на Регионалната иницијатива СЕДМ, кој се одржа во Скопје и на кој се разговараше за клучните безбедносни предизвици за земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Ве информираме и за посетата на командантот на врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, како и за посетата на министерот за одбрана и началникот на Вооружените сили на Албанија.

Во Армијата на Република Северна Македонија беа промовирани 70 нови подофицери.

Република Северна Македонија е меѓу петте држави во кои се активира „4SFAB“, инструкторска асистенција од Армијата на САД.

Од НАТО активностите ги издвојуваме НАТО симпозиумот на команданти на воени воздухопловства и текстот за Стратегијата на НАТО за вештачка интелигенција.

Во рамките на рубриката „Воена едукација“ прочитајте за карактеристиките на Првата светска војна како прва модерна војна, како и за последиците од дејството на осиромашениот ураниум.
Запознајте се со поставките во музеите на воената авијација и аеронаутика во Мадрид.

Прочитајте за уште неколку видови армиско вооружување.

Други вести
Skip to content