Државниот секретар Николиќ, претседавач на состанокот на Мултинационалната советодавна група на РАКВИАК: Регионалната одбранбена соработка е еден од нашите приоритети

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, во својство на претседавач го отвори 46-от состанок на Мултинационалната советодавна група на РАКВИАК кој се одржа на 11 и 12 октомври, во Ракитје, Хрватска.

Николиќ на состанокот истакна дека Република Северна Македонија, со својата цврста посветеност кон регионалната соработка ќе продолжи да ги поддржува напорите за понатамошно интензивирање на улогата на РАКВИАК во регионот.

„РАКВИАК како единствена меѓународна организација од овој тип е проект кој посветено работи за регионот. Овој Центар, поддржан од неговите партнери даде исклучителен придонес во подобрувањето на постојаната безбедносна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа и постигнувањето на долготраен мир и просперитет“, рече Николиќ на состанокот.

На состанокот, директорот на РАКВИАК, пензионираниот генерал-мајорЈеронимБазо го претстави Извештајот за работата на Центарот и ги нагласи најзначајните достигнувања за првите осум месеци од тековната година. Воедно, тој им се заблагодари на сите делегати за поддршката на РАКВИАК, особено во време на пандемијата на корона-вирусот.

Претставниците на трите столбови на РАКВИАК –кооперативната безбедносна средина со фокус на контролата на вооружувањето,справувањето со меѓународните безбедносни закани и реформите во безбедносниот сектор, ги претставија активностите од Програмата на РАКВИАК за 2022, која што со консензус беше усвоена од страна на делегатите на ова тело. На состанокот, членовите на Мултинационалната советодавна група го одобрија буџетот на РАКВИАК за 2022 година.

Државниот секретар Николиќ за прв пат е претседавач со највисокото управувачко тело на оваа меѓународна организацијаво период од една година, односно од октомври 2020 до октомври 2021 година. Нов претседавач на ова тело со мандат до октомври 2022 година е Ирина Зидару, генерален директор за стратешки прашања во Министерството за надворешни работи на Романија.

Други вести
Skip to content