Државниот секретар Николиќ во дводневна посета на Словенија


Државниот секретар во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, Драган Николиќ, претстојуваше во дводневна официјална посета на Република Словенија, на покана на неговиот словенечки колега, Урош Лампрет.

За време на посетата, двајцата државни секретари разговараа за одличната билатерална соработка помеѓу двете министерства со посебен акцент на обуките и школувањата на припадниците на двете армии, прашања поврзани со логистичките активности, набавките во одбраната како и НАТО одбранбените планирачки процеси.

Двајцата државни секретари го поздравија претстојното учество на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на зајакнато НАТО истурено присуство во мисијата во Латвија во рамки на словенечкиот контигент и дополнително ја потврдија успешната соработка и преку активното учество на двете земји во регионалните иницијативи, SEDM и BMTF, споделувајќи исти визии за регионот.

Во контекст на словенечкото претседавање со ЕУ, државниот секретар, Лампрет, ја потврди поддршката за Република Северна Македонија за остварување на стратешката цел, членството во ЕУ.

Во рамки на дводневната посета, Државниот секретар, Николиќ, ги посети Музејот на воената историја во Пивка, а оствари и разговори во Тренинг Центарот за цивилна заштита и олеснување при катастрофи, Центарот за воени школи во Марибор, каде што се разговараше за воениот образовен систем во Република Словенија и Воениот Музеј на вооружените сили на Словенија.

На овој начин се потврдија силните релации и соработката помеѓу двете сојузнички и пријателски земји.

Други вести
Skip to content