Градењето интегритет во одбраната, еден од приоритетите на Министерството – реализирани обуки за градење интегритет во човечките ресурси и јавните набавки

Изминатите две недели во организација на Министерството за одбрана и норвешкиот Центар за интегритет во одбранбениот сектор реализирани беа обуки за градење на интегритет во областа на човечките ресурси и на јавните набавки.

Целта на обуката за градење интегритет во доменот на човечките ресурси беше запознавање со основните принципи, концепти и алатки за управувањето со човечките ресурси, додека обуката за градење интегритет во јавните набавки се фокусираше на утврдувањето на принципите и најдобрите практики за планирање и реализација на јавните набавки во одбраната.

На обуките учествуваа педесетина вработени во Министерството за одбрана и Армијата, а предавачи беа експерти во доменот на градењето интегритет од Центарот за интегритет на Кралството Норвешка.

Реализираните обуки се дел од активностите од Планот за интегритет 2021-2024 на Министерството за одбрана. Согласно Планот, за функционален систем за управување со човечки ресурси, неопходно е вградување на е континуирано унапредување на принципите на интегритет и професионализам во одбранбениот сектор, со што се намалува можноста за појава на корупција. Процесот на градење интегритет во доменот на јавните набавки е исто така дел од Планот за интегритет каде се укажува на потребата од континуиран развој на капацитети и вештини кај службениците, офицерите и другите лица вклучени во процесот на набавки, заради препознавање и минимизирање на ризиците од корупција.

Други вести
Skip to content