Воениот музеј на Република Северна Македонија е основан во 2006 година како прв специјализиран национален музеј во 28 вековната воена историја на Македонија со кој се манифестира осамостојувањето на нашата земја и борбата за слобода и стекнување на државна независност. Воениот музеј свечено е отворен на 1 август 2006 година на локација во Касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром. Заради приближување на содржините на Воениот музеј кон пошироката јавност и збогатување на културно-историската понуда за домашните и странските посетители со Одлука на Владата во 2008 година Воениот музеј е дислоциран во централно градско подрачје на просторот под Скопската тврдина Кале. Со позиционирање на Воениот музеј како специјализирана национална институција за истражување на воената историја на Македонија во центарот на Скопје се зајакнува меѓуинституционалната соработка и се докомпонираат содржините прикажани на спомениците на видни војсководачи и идеолози на македонската борба за државност и самостојност поставени во централното градско подрачје, како и содржините на Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност, Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Музејот и гробот на Гоце Делчев во „Црквата Свети Спас“, НУ Музејот на Република Северна Македонија и другите институции од областа на културата, образованието и науката сместени во јадрото на најатрактивните туристички понуди во престолнината на Република Северна Македонија. Административните простории и внатрешен изложбен простор на Воениот музеј се сместени во објектот во Стара скопска чаршија кој заеднички го користат Национална Установа Музеј на Македонија, Национален Конзерваторски центар на Република Северна Македонија и Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија. Воениот музеј го користи расположливиот капацитет на објектот во кој се сместени Кино сала, Продавница на сувенири, Централно депо, Конзерваторкски лаборатории и простор за времени изложби.  Во 2012 година Воениот музеј станува постојан член на реномирана Меѓународна мрежа на музеите за мирот со седиште во Хаг, Холандија како прв и единствен национален музеј од Балканот и регионот на Југоисточна Европа заедно со Нобеловиот Мировен Центар од Осло, Музејот на Меѓународниот Црвен крст од Женева и други познати светски музеи чија главна мисија е промоција на мирот во светот (линк http://www.inmp.net). По влегувањето во меѓународната мрежа на музеите за мирот Воениот музеј организационо се трансформира во Музеј на мировни и безбедносно-одбранбени истражувања во состав на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Воениот музеј досега организирано го посетиле голем број детски градники, основни и средни училишта и студенти, како и странски воени делегации и бројни посетители речиси од целиот свет.

ИСТОРИЈАТ НА ФОРМИРАЊЕ

  • 1995-2005 Научно-истражувачка и образовна дејност во рамките на предметите Воена историја на Македонија и Воена историја на додипломските студии и предметот Еволуција на војувањето на командно штабна академија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје
  • 1997 Во Скопје е потпишан Протокол за соработка во областа на воената историја, воените архиви, воената музеологија и воените публикации, помеѓу Генералштабот на Армијата на Република Македонија и Генералштабот на Армијата на Република Турција
  • 1997 Остварено најголемо откритие во областа на воената историја на нашата држава – во Воениот музеј на Турските вооружени сили во Истанбул д-р Ванче Стојчев како член на воена делегација на Министерството за одбрана го откри оригиналниот примерок на Црешовото топче употребено во Илинденското востание при одбрана на Крушевска Република во август 1903 година.
  • 2000 Министерството за одбрана ја објави за прв пат во историјата на Македонија книгата на тема „Воена историја на Македонија“ од автор проф. д-р Ванче Стојчев, која во истата година ја доби државната награда „13 Ноември“.
  • 2002 Во Скопје е реализирана средба и размена на искуства со Центарот за Воена историја на Армијата на САД.
  • 2002 Учество на претставник на Министерството за одбрана на меѓународен научен симпозиум во организација на Конзорциумот на Партнерството за мир одржан во Софија, Република Бугарија, на тема „Воена политика на Европа од 1870-1914 година“ со труд „Одбранбена политика на Балканот и поделбата на Македонија во 1913 година“.
  • 2002 Делегација на Министерството за одбрана од областа на Воената историја оствари средба и научноистражување во Службата за воена историја на армијата на Република Франција во Париз.
  • 2003 По повод јубилејот „100 години од Илинденското востание“ Министерството за одбрана го реализира временото донесување и изложување на оригиналниот примерок на „Црешовото топче“ во Скопје и Крушево. Во периодот од јули до септември 2003 година оригиналното Црешово топче беше најголемата атракција при одбележувањето на јубилејот и притоа го видоа голем број граѓани на нашата земја и посетители од странство. Денес овој вреден експонат, во согласност со строгите меѓународни акти и домашни закони во Р. Турција кои ја регулираат музејската дејност се чува во Воениот музеј во Истанбул.
  • Министерството за одбрана финансиски го поддржа снимањето на документарниот филм за Црешовото топче во соработка со Македонска радиотелевизија.
  • 2003 Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје е одржана научна трибина по повод „100 години од Илинденското востание“ и презентирани се резултатите од научноистражувачкиот проект “Информатичка поддршка на наставата по Воена историја“. На научниот Симпозиум организиран во Македонската Академија на Науките и Уметностите по повод 100 години Илинденското востание учествуваа и гостите на Министерството за одбрана од Службата за воена историја на армијата на Република Франција.
  • 2004 Министерството за одбрана ја преведе и свечено ја промовира книгата „Воена историја на Македонија“ на англиски јазик
  • 2005 Експертски тим од Министерството за одбрана предводен од полковник проф. д-р Ванче Стојчев го изработи проектот за формирање на Воениот музеј
  • 28 јуни 2006 Одлука на Владата за почеток со работа на Воениот музеј
  • 1 август 2006 Свечено отворен Воениот музеј во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, Општина Аеродром

МИСИЈА
Воениот музеј е особено важна специјализирана национална институција која:
– открива, собира, истражува, конзервира и чува предмети, документи и други сведоштва поврзани со Воената историја на Македонија.
– организира постојани и времени изложби
– организира едукативни програми и настани.

Основни задачи на Воениот музеј се:
– афирмација на Армијата на Република Македонија и военото минато на земјата
– едукација на младите
– јакнење на националната свест низ обединување на граѓаните околу културното наследство на државата

ОРГАНИЗАЦИЈА
Во согласност со законските прописи и интерните организациски акти на Министерството за одбрана Воениот музеј е специјализиран национален музеј во состав на Министерството за одбрана.

Република Северна Македонија

  • 2009-2011 Поддршка за комплетирање на музејски збирки на Национална установа – Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје
  • 2010 Учество во проект за деминирање на водите на Охридското езеро и идентификација на откриеното военоисториско наследство
  • 2011 Работилница во Воениот музеј за изработка на идејно решение за нови гардиски униформи на Армијата на Република Македонија
  • 2011 Во соработка со Општина Аеродром изложен е експонатот млазе авион Т-33 Локид од америкаснко производство во паркот на Општина Аеродром
  • 2012 Поддршка со филмски реквизити за проект на Министерството за култура за снимање на филм “До Балчак“
  • 2013 Во соработка со Национална установа Завод и Музеј Битола во екстериерот на битолскиот музеј се изложени музејски експонати борбени оклопни возила и артилериски орудија од гарнизонот на АРМ во Битола.
  • 2015  Соработка и учество на изложбата „Оружје од Османлиски период до крајот на Втората светска војна“ во организација на Национална установа Музеј–Куманово, на која беа изложени музејски експонати оружје од збирката на Воениот музеј.
  • 2018 Учество на изложбата „Лицата на војната: Македонија и Македонците во Големата војна (1914-1918)“ во организација на Државниот архив на Република Македонија со поддршка на музејски експонати односно оружје користено за време на Првата светска војна.
  • 2018 Соработка со НУ Музеј на македонската борба за самосотојност-Скопје во отворање на мултимедијалната изложба „Спомени од Првата светска војна“ со која се приклучивме кон глобалното одбележување, еден век од крајот на Првата светска војна (1914-1918).

Меѓународни

  • 2013 – 2018 Учество на Република Македонија во одбележување на стогодишнина од настани од Првата светска војна во Република Македонија и во меѓународни рамки на билатерално и мултилатерално ниво
  • 2015 Учество на отворање на националната изложба „Македонија и Првата светска војна“ во Воениот музеј на Шведска во Стокхлом, и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија и Воениот музеј на Кралството Шведска.
  • 2016 Како плод на повеќегодишен истражувачки проект излезе од печат книгата во два тома со наслов „Турско-македонските односи низ историјата“, која е прва заедничка публикација на Министерството за одбрана на Република Македонија со Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција. Составена е од четиринаесет поглавја изготвени од страна на турски и македонски академици, објавени на турски, македонски и англиски јазик.
  • 2017 Министерството за одбрана и Воениот музеј на Република Македонија го промовираа романот „Македонка-книга за Балканскиот фронт“ од германскиот автор Ханс Ерке од 1938 година, а прв пат преведен на македонски јазик. Романот се објавува во рамките на заедничкото одбележување на 100 години од Првата светска војна и соработката помеѓу Министерствотот за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија.
Во посета на музејот

Антика и среден век

Илинден

НОБ

 Контакт:
Адреса: Ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3118 421; +389 2 3122 981
е-пошта:voenmuzej@mod.gov.mk
Работно време:
Администрација: понеделник-петок 8.30 – 16.30 часот
Цена на влезница: слободен влез

Изложби:
„Спомен соба на Генералот Михаило Апостолски“ – со најава
Секој ден од 9-17 часот освен во понеделник и за празници

Изложбата на фотографии „Меморијален марш од Битола до Солун, крај рововите на Македонскиот фронт“

24.02.2021 година Отварање на изложбата на фотографии „Меморијален марш од Битола до Солун, крај рововите на Македонскиот фронт“ и промоција на брошурата на тема „Фронтот во Првата светска војна некогаш […]

Музејска поставка – Одбележување една година од членството во НАТО

28.03.2021 година Во рамките на одбележувањето на првата годишнина од НАТО членството, Воениот музеј организира Фото изложба во дворот на Министерството за одбрана во низата настани насловени „1 година Северна […]

Предновогодишен концерт „Звукот на соработката“ на воени оркестри на Македонија, Албанија и Хрватска

12.12.2019 година Музејска поставка организирана од страна на Воениот музеј во Домот на Армијата и предновогодишен концерт на Воените оркестри на Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на Република […]

Одбележување Ден на НАТО и трибина „НАТО и Ти“

04.04.2018 година На 4 април по повод Денот на НАТО, Воениот музеј ја организира музејската изложба со наслов „Република Македонија на патот кон НАТО“. Изложбата се организира во рамки на […]

Музејска изложба – Музички инструменти на воениот оркестар

10.11.2017 година – Воениот музеј по повод 11 ноември Денот на Баталјонот за почести, организирана музејска изложба во Домот на Армијата каде беа претставени стари музички инструменти на Воениот оркестар […]

25 години Армија на Република Македонија

17.08.2017 година – Музејска изложба „25 години Армија на Република Македонија“ во Воениот музеј. Изложбата е посветена по повод 18 август, Денот на АРМ и Јубилејот „25 години Армија на […]

Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916 – 1918 година

22.11.2016 година По повод одбележувањето на сто години од Првата светска во Воениот музеј беше отворена музејска поставка „100 години од Првата светска војна: Италијанската Армија на Македонскиот фронт 1916-1918“. […]

Воена логистика-140 години од Разловечкото востание и Ден на бригадата за логистичка поддршка на АРМ и Фотографии од Македонскиот фронт во Првата светска војна: Животот во војна–Велушина 1917 од колекцијата Ратајкоски

21.05.2016 година Во Воениот музеј беа отворени изложбите „Воена логистика-140 години од Разловечкото востание и Ден на бригадата за логистичка поддршка на АРМ“ и „Фотографии од Македонскиот фронт во Првата […]

Американскиот Црвен крст во Македонија за време на Првата светска војна

24.02.2016 година Воениот музеј во рамките на одбележување на стогодишнина на настани од Првата светска војна ја организираше изложбата на фотографии од познатиот американски кинематограф и фотограф Мер Ле Вој […]

Македонско-американските односи низ историјата

04.11.2014 година Во Воениот музеј по повод 20 години од потпишувањето на билатералниот договор меѓу Република Македонија и Соединетите американски држави, беше отворена музејска изложба под наслов „Македонско-американските односи низ […]

Спомен соба – Генерал Михаило Апостолски

23.11.2012 година – Во Воениот музеј по повод 106 години од раѓањето на командантот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, беше отворена Спомен-соба на генералот […]

Почитувани граѓани,

Воениот музеј отвора можност за граѓаните кои поседуваат предмети и добра кои имаат музејска вредност, истите да бидат вклучени во музејската поставка на Воениот музеј.

Ги повикуваме граѓаните кои сакаат своето добро или предмет со музејска вредност да го вклучат во поставката на Воениот музеј, да ја пополнат изјавата за предавање на овие добра или предмети на Воениот музеј, по што Музејот ќе издаде потврда за нивно внесување во музејска евиденција. При поставување на овие добра или предмети во музејската потврда ќе биде назначено дека станува збор за донација, а донаторот ќе биде назначен со име и презиме.

Урнекот на Изјавата за предавање на добра или предмети во трајна сопственост на Воениот музеј, во состав на Министерството за одбрана, можете да ја најдете тука.

Изјавата треба да има нотарска заверка.

Бидете дел од културното наследство на нашата татковина. Донирајте музејски експонати во Воениот музеј!

Skip to content