ОБРАЌАЊЕ НА МО ШЕКЕРИНСКА – ПРИЕМ НА 2.КЛАСА ПФВ ЗА 2018 ГОДИНА

Добредојдовте во Армијата. Добредојдовте во ова големо семејство со кое заедно со своите постари поискусни колеги ќе бидете столб на државноста, и на сувереноста на нашата татковина. Вие сте оние на кои зборовите патриотизам, храброст, пожртвуваност нема да им бидат само зборови, туку ќе бидат начин на живот. Без вас и вашиот професионализам нема да може да зборуваме за независност, за самостојност, за сигурност, нема да можеме да зборуваме за економски напредок и просперитет на Република Македонија. Од вас тргнуваат и на вас почиваат овие вредности.

За многумина политиката и искреноста се две паралелни линии кои никогаш не се допираат, јас не се согласувам. Мислам дека без искреност, отвореност за проблемите, без транспарентност, не може да постои успех во решавање на ниту еден од тие проблеми и затоа од почетокот на оваа година се трудиме она што ќе го најавиме да го испорачаме. На почетокот токму на оваа година ветивме дека 2018 година ќе биде година на подмладување на составот ана АРМ и дека во текот на годината ќе распишеме три огласи со кои Армијата ќе се засили со 375 нови професионални војници.

Вие сте веќе втора генерација за оваа годна за кои овој процес успешно заврши. Овие денови веднаш го објавуваме и третиот оглас и буквално ќе можеме да кажеме дека оваа година подмладувањето на Армијата се случува како дел од план кој што заедно го работеше Министерството за одбрана и АРМ.

Го одржавме зборот и во поглед на нашите стратешки приоритети. Токму се сеќавам на минатата свеченост кога ја примивме првата група на професионални војници , исто 125 како овој пат, кога најавивме дека Македонија ќе ја добие поканата од страна на НАТО алијансата. Денеска, таа покана е реалност, факт е, недвосмислен и видлив. Паралелно со вашиот прием во АРМ, ги започнавме и пристапните разговори со НАТО кои што ги очекуваше оваа земја веќе 10 години. Убедена сум дека пристапните разговори ќе бидат брзи, ефикасни и квалитетни. Полноправното членство во Алијансата – сон на вашите и мои претходници е на само еден чекор, а вие сте првите кои ќе ги почувствувате многу директно во вашата секојдневна работа, придобивките од тоа членство .Вам ќе ви бидат отворени вратите да се борите за уште поголеми успеси. Ќе можете да создавате уше поголем  престиж и за вас лично како професионалци, меѓутоа и за Армијата која што ќе ја претставувате и тоа ќе го правите со најмоќните светски армии од најразвијните држави во светот. Ќе можете да бидете горди што секој од вас со вашата работа, упорност и професионалност ќе може да даде личен придонес кон овој процес на интеграција кој ќе донесе нова ера за Македонија, како 30 членка на НАТО алијансата,

Вие имате посебна привилегија но и исклучителна одговорност, за што речиси целата своја кариера ќе ја градите како дел од Армија, членка од најмоќната воено политичка алијанса во светот.

Почитувани пфв,

Одговорноста пред вас е и ќе биде голема. Вие сте најважнииот и че бидете најважжниот столвб на татковината, но вие сте и првите кои граѓаните ги гледаат кога се соочуваат со предизвици, катастрови природни и непогоди.

Токму вашите колеги беа хероите кои станаа најзаслужни во справувањето со пожарите,  поплавите,  и сите природни катастрофи кои и се случуваа во минатото на Македонија.

Затоа АРМ е институција која го ужива најголемиот углед кај граѓаните на нашата земја. Токму од тие причини започнуваме и продолжуваме во континуитет да работиме напорно и посветено. Приблемите се бројни, но еден по еден успеваме да ги решиме. Буџетот за Армијата оваа година порасна за 15%, и ќе продолжи да расне со точно определена динамика секоја следна година. Од тоа нема да отстапиме и затоа превземавме обврска и пред вас и пред нашите сојузници. Влегувате во Армија во која вработените оваа година, после долги години занемарување за прв пат добија покачување на платите од 10% и затоа вашата прва плата ќе биде повисока од таа која што ја имаа пфв кои што беа примени во претходните години. Она што сакавме оваа година да постигнеме е да покажеме резултати во делот на елементарните предизвици со кои Армијата за жал мора да се справува, како што се на пример униформи и чизми и оваа година за прв пат успеавме да потпишеме договор за набавка на чизми со кои што на секој припадник ќе го решиме овој проблем. Продолжуваме со набавката на нови униформи, кои убедена сум дека вие ќе бидете меѓу првите кои што ќе ги носите. Ова се теми коишто не би требало да заземаат голем простор во нашите денешни дискусии, но се теми кои долги години не биле решени. Сигурна сум дека следната година ќе можеме да бидеме многу поамбициозни и да се фокусираме на главниот процес за било која па и за нашата Армија, а тоа е модернизацијата и опремување која што ќе донесе нова и напредна техника и технологија. Тоа значи дека вие како пфв во една Армија која се модернизира и опремува, ќе имате шанса да добиете обука и за нова современа технологија и ќе имате шанса совладувајки ги тие нови технологии да бидете високо ценети во својата професија.

Воведуваме промени и развој во военото образование со цел на секој од вас и сите оние кои со вас ќе раководат да им дадеме шанса да бидат вистински армиски лидери.

Почитувани војници,

Денеска ми е навистина задоволство што ве гледам пред себе, подготвени да се носите со сите предизвици кои ги носи армиската униформа. Сакам да ви порачам дека овој воз сме сите заедно е на многу брза лента, граби напред и не смее да застане. Ве повикувам сите заедно, здружено и сплотено да работиме за да бидеме подобри, поефикасни и попрофесионални.

Ви честитам на изборот, сте биле меѓу најдобрите, сте успеале да поминете тежок процес на тестирања. Сега ќе ви треба истата енергија, истата сила и истата посветеност, за да покажете колку може да и понудите на Република Македонија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail