Обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод свечена заклетва на 24. Класа питомци и промоција на потпоручните од 20. Класа на воената академија 21.10.2020 – Касарна „Гоце Делчев“

DSC_4372_resizeДенешниот ден е во духот на младоста. Ова е ден на младоста и мотивацијата да се научи нешто ново и да се биде подобар, да се навлезе во суштината на војничката професија, но и да се покаже она што е научено низ четири години поминати тука на Воената академија, пред да стапат нашите нови офицери на своите работни места во Армијата на Република Северна Македонија.

Дозволете ми најпрво да ви честитам што ја избравте оваа благородна, високо ценета угледна, но се разбира и тешка професија. Армијата заслужено е на пиедесталот како институција со најголема доверба помеѓу граѓаните. Јас сум убедена дека и вие, како и вашите колеги ја заслужувате и со секој поминат ден, со секоја завршена задача ќе ја оправдате таа доверба во одбраната и во Армијата.

Дваесеттата класа питомци кои денеска го добиваат својот прв офицерски чин покажа колкава е вредноста на Воената академија не само за нас, туку и за нашиот регион, а преку нашиот егион и за НАТО – Алијансата. Триесетина проценти од оваа класа се школувани за потребите на вооружените сили на регионот. Во оваа група Воената академија школуваше питомци од Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Помеѓу нив е и Биљана Дуловиќ, прворангираната питомка на оваа генерација која денеска имавме прилика да ја слушнеме. Дозволете да и честитам за ова голема чест и за овој голем успех и да кажам дека слушајки ја денеска нејзе, нејзиниот иентузијазам, енергија, вредностите за кои што зборуваше, јасно ми како успеала да се качи на врвот на една силна класа.
Ви честитам и на второ и треторангираниот питомец, Гоце Софески и Филип Младеновски, кои практично стануваат дел од офицерскиот кор на нашата Армија . Нека ова биде пример и доказ дека воената професија е професија која не гледа име, презиме, потекло ниту пол, туку само и единствено квалитет, посветеност и мотивација. Продолжете да бидете најдобри, зашто тоа е единствениот пат до успехот на сите нас.

На новите потпоручници во Армијата на Република Северна Македонија, сакам да им порачам: Направивме големи чекори напред. Северна Македонија е НАТО, во тек се суштински процеси за опремување, трансформација и модернизација. Ќе продолжиме да работиме, резултатите од вашата работа да бидат по видливи, вашиот стандард повисок, но се ова е возможно со заеднички напор. Дајте сè од себе, помогнете ни да бидеме подобри и поефикасни. Бидете целосно фокусирани, посветени и мотивирани во вашите задачи затоа што само така се достигнува врвот. Бидете пример и за вашите нови колеги кои што се на самиот почеток.

Во новата 24. класа веќе ги гледаме резултатите од нашата работа. Во еден важен сегмент за одбраната на кој се потсетуваме во текот на целиот овој месец кога зборувме за резолуцијата, жените мирот и безбедноста, а тоа е родовата еднаквост и родовата перспектива. Оваа година военото образование го започнуваат 18 жени и 22 мажи од Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, вкупно 40-мина кои следните четири години ќе ја научат тежината и одговорноста, но и благородноста на униформата. Ова се всушност и првите 40-мина питомци кои започнуваат со военото образование кај нас како земја – членка на Алијансата. Нека тоа биде уште еден мотив да докажете дека сте целосно рамноправни со питомците од сите воени високо образовни институции на сојузниците.

За вас, навистина само небото нека биде граница. Искористете го знаењето, вештините и искуството на вашите предавачи и професори. Грабете напред и немојте да ја изгубите жедта за знаење. Секоја секунда помината на оваа Академија учете како да се биде подобар офицер, затоа што таа посветеност е состојката за секоја успешна кариера.

Кога ќе се соочите со тешкотии, со голем товар и со притисок, потсетете се дека тоа ќе ве направи посилни и поотпорни. Она што го зборуваше Билјана не се замо зборови и зџатоа звучеа толку вистински, звучеа толку реално. Тоа се искуство, но и тоа се резултат на амбиција и желба да се инвестира во себе.
Навистина сакам да честитам на сите вие кои што сте успеале во изминатиот период да создадете тим и да посакам на новата генерација питомцви да бидат успешни во истата таа задача. Она што дополнително сакам да го порачам на новите питомци е дека во ниту еден момент нема да бидат сами и тоа не е само дел о дмотото на Алијансата, тоа дел и од нашето домашно мото, дека заедно можеме да бидеме подобри.
Ги имате вашите постари колеги од Армијата, ги имате своите колеги во Министерството за одбрана и наша заедничка цел е вие да бидете подобри.

На почетокот реков дека денеска нашата свеченост е во духот на младоста која што велат, тврдат дека само состојба на умот, не била во годините, за жал не можам целосно да се согласам, меѓутоа за да младоста ја движиме напред ни треба и дух на почит кон професорите и сите оние кои што и помагаат на таа млада генереација да созрее и да научи тоа што требе да се научи.

Затоа дозволете ми да им се заблагодарам на професорите кои оваа година го завршуваат својот работен век да им се заблагодарам во име на Владата и во име на Министерството за одбрана, што изминатите декади дадоа се од себе за да го рпенесат тоа свое знаење. Успешна организација и успешна институција е само онаа која успева знаењето и искуството да го пренесе, да го надгради, а Академијата мора да биде токму таква институција.
Ќе ви се обратиме секој пат кога ќе ни биде потребен совет и ќе ви се обратат секој пат кога ќе биоде потребно вашето искуство.

Ви посакувам добро здравје и ви благодарам за вашата служба.
Почитувани присутни, драги колеги и пријатели,
Денеска е убав ден, пред се за оние кои што почнуваат ново поглавје во својот живот, меѓутоа ова е убав дел за сите нас и за нашата татковина да честитаме за постигнатото и да кажеме дека можеме и повеќе.

Ви благодарам.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail