ПОЗДРАВНО ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА, НА ДЕНОТ ЗА ВИСОКИ ГОСТИ НА ВЕЖБАТА „REGEX 19“ Велес, 16.10.2019

Почитувани присутни,

Навистина ми е задоволство што сум тука да учествувам на Денот за високи гости во Центарот за симулации на Армијата на Република Северна Македонија, на Компјутерски асистираната тактичка вежба „REGEX 19“.

За оваа вежба со гордост кажуваме дека опфаќа армиски припадници од 4. континенти. Тоа покажува колкава е довербата во нас, во нашата Армија, меѓутоа ова покажува и дека како домаќини успеавме да созреееме и да покажеме различни капацитети при организирање на различни по природа вежби. Особено што ова се вклучува во период кога очите на Алијансаа се вперени во нас и во предвечерјето кога се подготвува кревањето на нашето знаме пред седиштето на Алијансата.

Навистина ми е задоволство што денеска во Велес сме тука на вежбата  „REGEX“, практично половина час откако Италијанскиот Сенат го ратификуваше нашиот Протокол за пристапување кон НАТО Алијансата и во ден во кој што очекуваме ратификационата постапка да заврши и во Велика Британија. Тоа покажува дека ги изодуваме и последните метри, последните чекори до полноправното членство, наша стратегиска цел веќе три децении.   Нашата држава станува 30. членка на Алијансата и кога се исполнуваат стратешките интереси, мислам дека е важно и да погледнеме напред, меѓутоа и да ги зголемиме нашите амбиции.

За нас членството во НАТО покрај престиж и мотив, е и обврска. Во сите области на одбраната да работиме  подобро, да функционираме подобро и полека да ги подигаме стандардите на нашето работење. Целосна интероперабилност можеме да ја достигнеме само доколку постојано ги проверуваме и надградуваме своите капацитети, и преку теренски, но и како овие денови, преку компјутерски симулирани вежби како оваа.

Годинава, навистина во поглед на одбраната и особено во поглед на вежбите има од што да бидеме задоволни. За прв пат, на наша територија се организираше и се реализираше вежба која вклучуваше над 2.700 лица од шест земји членки на НАТО, Северна Македонија и останатите кои што веќе се членки на Алијансата. Тоа беше вежбата „Одлучен удар“ што се одржа на армискиот полигон „Криволак“, кој не е многу оддалечен од тука од Велес и со која  докажавме дека имаме и знаење и вештини и капацитет да организираме вежба од таков калибар и од таква големина. Гласот на нашите партнери, а наскоро сојузници, дека нашата Армија може да организира и вакви амбициозни вежби многу широко се прошири.

Меѓутоа не е само теренската вежба, вежба во која ги покажуваме нашите капацитети. „Regex 19“,е прва вежба од ваков вид во нашата земја, и тој покажува и поинаков капацитет на нашата Армија. Покажува дека можеме да бидеме и ефикасни во однос на финансиските средства, но и дека имаме знаење да ги искористиме и техничките капацитети кои ги поседува Центарот за симулации за да вежбаме во симулирана, компјутерска средина. Токму во една ваква симулирана средина, можеме да ги доведеме до перфекција процесите на блиска соработка и координација помеѓу националните и локалните власти, координација со владините, невладините, но и со меѓународните организации.

Преку вежбата ги стекнуваме вештините за справување со хибридни закани, со сајбер закани, со закани врз нашата критична инфраструктура, се е тоа прашања кои што се во врвот на приоритетите на НАТО – Алијансата. Значајно е и дека преку оваа комплексна симулација нашите војници и офицери имаат можност да ги зголемат своите вештини и во однос на функционирањето во штаб на една мултинационална бригада, што е значајно да се зголемат вештините и во контактот со медиуми но и како дел од сите важни мисии и операции.

Ова е вежба на која учествуваат припадници на 4 различни континенти. Навистина ако погледенете назад ќе видите дека не сме имале толку широко искуство, со токлу различни бекграунди, со толку различни типови на Армии, со толку различни типови на искуства. Тоа значи дека ова не е само вежба за стекнување техничко на вештини, на знаења, тука и тест за соработка помеѓу армии кои доаѓаат од различни култури, кои зборуваат на различни јазици, имаат различни навики, меѓутоа обединети се во една заедничка цел: мир и просперитет во нашите региони, но и во светот.

За успешна реализација на оваа вежба во планирачкиот процес претходеа 7 НАТО и 7 национални работилници. Дозволете ми денеска да се заблагодарам на сите оние кои што учествуваа во подготовката, а особено на оние кои што се тука и гости, а и се добри домаќини и кои што овозможуваат оваа вежба да протече во најдобар ред. сакам да се заблагодарам на сите што учествуваа во нивно подготвување и реализирање.

Им благодарам на 22-те партнерски земји кои се вклучија во процесот на планирање на вежбата, како и на менторството од страна на пет земји – членки на Алијансата. Ние сите дома веруваме во капацитетите на нашата Армија. Знаеме дека тие капацитети можат и мораат да растат, меѓутоа и денеска како и вчера, како и утре сум убедена  ќе успеваме да одговориме на предизвикот кој што го носи членството, ќе успееме да одговориме на предизвикот пред кои што не става и реалноста.

Токму во Велес имавме еден пример неодамна кога Армијата заедно со останмати цивилни институции, меѓутоа и со претставници на локалнита самоуправа, покажаа дека Армијаата функционира во полза на граѓаните. Ако ги зголемуваме тие капацитети, ако инсистираме на интероперабилност, ако ги зголемиме вежбите и местата каде што заедно работиме и заедно се подготвуваме овој тест нема да биде само на тест за наша способност да станеме членка на Алијансата туку ќе го положи најголемиот тест, тестот на доверба од страна на граѓаните на нашата држава.

Ви благодарам.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail