Обраќање на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска пред припадниците на Армијата во Касарната „Чеде Филиповски – Даме“ – Кичево 28.05.2020 година

Почнуцвајки од Кичево честитајќи им на сите војници за пожртвуваноста им честитам на сите припадници на Армијата за пожртвуваноста со која сите ги превзедовте задачите за поддршка на државата и граѓаните во справување со светската пандемија која ја зафати и нашата земја.

Секоја вистинска Армија во вистински моомент е подготвена да излезе во пресрет и да ги заштити граѓаните на кои им припаѓа. Да ја искористи можноста и да ја покаже својата подготвеност да помогне во најтешките моменти. Така постапивте и вие. Вие во Кичево, и низ цела држава.

Пред повеќе од 2,5 месеци кога беше најтешко, Армијата се распореди на првите линии за заштита на граѓаните заедно со здравствените работници и заедно со полицијата.

Припадниците на нашата Армија, од самиот почеток беа ангажирани целосно да ја обезбедуваат државната граница, да ги обезбедуваат виталните објекти, да го контролираат влезот и излезот на патните правци во кризните подрачја, во поддршка на локалните самоуправи низ целата држава и во сите тие чекори.

Со својот пример потсетувавте и апелиравте од потребата да се одржува дистанца, за потребата лично да се заштитиме, делевте хуманитарна помош на социјално најзагрозените, ја подигнавте ROLE2 мобилната болница кај Инфективната клиника и за голема наша среќа немаше потреба да биде пополнета. Во голема мерка помогнавте пандемијата да се држи под контрола и да не ни бидат потребни дополнителни легла за заболените, граѓаните да се чувствуваат безбедни и да се чувствуваат заштитени од својата Армија.

Секој од вас која ја доби можноста да излезе во пресрет на заштита на граѓаните покажа висока професионалност, подготвеност и ентузијазам, со свој пример и без страв за себе и своето здравје. Ја исполнивте својата основна мисија да бидете во служба на граѓаните беспрекорно. И затоа сум тука и затоа ќе ги посетам сите касарни да можам на сите вас да ви се заблагодарам во име на граѓаните, но и да ви честитам на оваа служба.

Велат дека во говори и во тек на кризи сите имаат полни усти за Армијата. Дека многу ве фалат на зборови, но малку со дела и тоа го почувствував од прв момент кога бев избрана за министерка за одбрана. Секој пат кога разговарав со ваши колеги, секој пат кога ќе говорев во различни касарни или во Генералштабот сите најави дека Армијата заслужува повеќе и дека треба да добие повеќе беа соочени со голема скепса, од страна на војниците од страна на офицерите, од страна на старешините од страна на целата Армија. Лошите искуства ве навикнале и ве научиле да не верувате многу на говорите, ниту на ветувањата и најавите. И таа скепса ме натера да го мерам секој збор. И таа скепса ме натера да се фокусирам каков треба да биде резултатот. Кога најавував зголемување на платите бев во Штип и неколкумина војници ми пријдоа и ми рекоа ова сме го чуле неколку пати.  Денеска навистина  ми е задоволство што можам да кажам дека ниту еден збор не испадна лажно ветување. Ниту една најава не беше лесно дадено ветување. Денеска можам да кажам дека Армијата како резултат на таквите одлуки е институција во која што секој припадник, војно лице има 16% повисока плата, секое цивилно лице, кои што за жал имаа најниски плати во целата јавна управа, има 28% повисока плата, а секој од вас може да ја користи дополнителната финансиска надокнада за станбено обезбедување која што претходно ја добиваа мал број. И така од месечни примања од 20000 денари, денес имаме професионални војници кои што имаат најмалку 30000 денари плата. И тоа покажува дека за 50% можевме за период за само 2 години да ги зголемиме приходите.

Кога прв пат заедно со првите луѓе во ГШ излеговме со предлог во Законот за служба на Армијата да воведеме станбено обезбедување за сите припадници на Армијата коишто ги исполнуваат условите и тогаш бевме соочени со скепса. Меѓутоа покажавме дека тоа што се сака и тоа што се планира како што треба може да се реализира. И задоволство ми е што токму овој март исплатата ги опфати речиси сите припадници на Армијата освен оние најмлади војници кои веќе со потпишување на вториот договорот ќе ги добијат тие дополнителни средства. Не само тоа, туку сите најави дека таа ќе изнесува 7000 денари испаднаа неточни бидејки станарината која што веќе ја добивате е над 8000 денари.  Тоа беше мојот начин на работа, да кажам само нешто во што сум сигурна, а ако можам да направам и да обезбедам повеќе. Затоа во овие години успеавме заедно со луѓето во министерството и со раководството на ГШ, да ја подмладиме Армијата да обезбедиме дополнителни 700 припадници, дел војници, а дел млади офицери. Затоа за прв пат во Законот за служба обезбедивме подеднакви услови за пензионирање како и полицијата, затоа ниту еден пфв кој што наполни 45 години не го оставивме на цедило и затоа успеавме основните средства од типот на чизми кои што веќе ги имате, униформи кои што веќе се делат кај делови од Армијата и јас очекувам да бидат завршени до крајот на јуни, да покажеме дека грижата за секој војник мора да биде прва грижа на секој министер на секоја Армија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail