МО Зоран Јолевски Говори

ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА, ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ, ПО ПОВОД ОТКРИВАЊЕТО НА МЕМОРИЈАЛНАТА ПЛОЧА ВО С.ВРАТНИЦА

Почитувани, Чарлс Дикенс, големиот автор на 19. век рекол „No one is useless in this world who lightens the burdens of another“. Меѓусебната помош е наш двигател, моторот кој го придвижува општеството. Нашата денешната церемонија е во чест и спомен на загинатите млади лица од американски екипаж кои се бореле на страната на правдата и […]

ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА, ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ НА ОТВОРАЊЕ НА „ШЕСТИОТ РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК ЗА МЕХАНИЗМИТЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МИНИСТЕРСТВАТА ЗА ОДБРАНА И ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН“, 26 НОЕМВРИ, 2014 ГОДИНА

Дами и господа, почитувани гости, Ми претставува особена чест и задоволство да го отворам „Шестиот регионален состанок за механизмите за родова еднаквост во министерствата за одбрана и вооружените сили од Западен Балкан“. Денешниот шести по ред регионален состанок е една од многуте активностите што се спроведуваат во рамките на проектот за Зајакнување на регионалната соработка […]

ГОВОР НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА, ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ НА НАУЧНО-СТРУЧНА ТРКАЛЕЗНА МАСА „ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ, ИДНИ РЕШЕНИЈА И МОЖНОСТИ ПО САМИТОТ НА НАТО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 2014 ГОДИНА“

Почитувани, Дозволете ми на самиот почеток да се заблагодарам на Факултетот за безбедност за укажаната прилика да говорам за мошне значајна и актуелна тема за Евроатлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по Самитот на НАТО во Велс во 2014 година. Безбедноста на Република Македонија е поврзана со безбедноста на […]

Говор на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на свеченоста по повод Свечена заклетва за доброволно служење воен рок – 07 ноември 2014 година, Велес

Почитувани војници во Армијата на Република Македонија, ВИ ЈА ЧЕСТИТАМ СВЕЧЕНАТА ЗАКЛЕТВА! Денес, е посебен ден за Вас, 227 млади војници од дваесет и четвртата класа на доброволно служење на воениот рок во Армијата на Република Македонија. Да се служи на татковината претставува највисок чин на патриотска должност и верување во највисоките човекови вредности. Со […]

ГОВОР НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ПО ПОВОД СВЕЧЕНОСТА ЗА ПРИЕМ НА ВОЕНА ОПРЕМА ДОНИРАНА ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА, 28.10.2014 ГОДИНА, СКОПЈЕ

Ми претставува особена чест и задоволство што денес заедно со пријателите од Република Турција учествуваме на свеченото предавање на донација од Република Турција. Ова е уште една потврда на нашето традиционално пријателство и одличната соработка. Уште од самите почетоци на осамостојувањето на Република Македонија, Турција беше прва земја која даде пријателска рака, земја која изрази […]

ГОВОР НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА Н.Е. ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ, НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ЗАПАДЕН БАЛКАН – ИДНИНАТА НА ИНТЕГРАЦИЈАТА“ ФОНДАЦИЈА НА ОДБРАНБЕНИОТ КОЛЕЏ НА НАТО 07-08 ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА, РИМ, Р.ИТАЛИЈА

Чест ми е накусо да се обратам на отворањето на оваа значајна конференција за иднината на Западен Балкан и неговата интеграција во Северно – атлантската заедница. Амбасадорот Алесандро Минуто Ризо, како заменик генерален секретар на НАТО, отсекогаш бил шампион во напорите за проширување на Алијансата и многу ме радува што гледам дека тој останува посветен […]

ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ, ПО ПОВОД СВЕЧЕНАТА ЗАКЛЕТВА НА 18. КЛАСА ПИТОМЦИ НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА

Ви ја честитам штотуку дадената заклетва и ви посакувам и порачувам следните четири години да бидете гладни за знаење. Секогаш барајте повеќе зашто знаењето и вештините се карактеристики кои што се најбитни за развојот на секој човек и на секое општество. Тоа е карактеристика која што треба да ве одвојува од другите. Само оној кој […]

ОБРАЌАЊЕ на министерот за одбрана г-дин Зоран Јолевски по повод „Почеток на обуката на кандидатите од родот авијација за потребите на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи“ 01.10.2014 година, Центар за обука на пилоти

Центарот за обука на пилоти е создаден да обезбеди тренинг и обука на пилоти за потребите на Република Македонија. Првите резултати се видливи – четворицата пилоти од првата генерација и двајца од втората кои беа произведени токму во овој Центар, денес се поручници на Армијата на Република Македонија, целосно оспособени да бидат пилоти во служба […]

ОБРАЌАЊЕ на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски по повод отворање на изложбата „100-години Прва светска војна“, во организација на Амбасадата на Словачка, во Кинотеката на Македонија

Почитувани… Военото минатото на човештвото, особено светските војни од минатиот век оставија несогледливи последици во однос на човечки и материјални жртви. Првата светска војна од 1914-1918 година донесе многу поделби, разделби и страдања на мобилизираните воени лица најчесто распоредени далеку од дома во ровови и на борбени позиции во дотогаш невидениот светски вооружен судир, наречен […]

ОБРАЌАЊЕ на Н.Е. Зоран Јолевски, министер за одбрана на Република Македонија по повод 18-ти август Ден на Армијата на Република Македонија Охрид, 18 август 2014 година

Почитуван Претседател на Република Македонија, Почитуван Претседател на Собранието на Република Македонија Почитувани Министер за внатрешни работи, Почитуван Началник на Генералштаб, Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, Почитувани претставници од дипломатскиот кор во РМ, Почитувани гости, Дами и господа, Дозволете најпрво да им се обратам на нашите војници, офицери, подофицери и цивилни лица во […]