Воени симулации со користење на виртуелна реалност (2) – Virtual Boot Camp

virtualbootcamp

Покрај „фамилијализирањето“ војници со некои од најсложените возила во воената флота, тренерите имаат откриено дека виртуелните околини можат исто така да служат и во други апликации. Овластените воени лица и студијата за видеоигри се имаат здружено да создадат реални виртуелни сценарија што им помагаат на војниците да се приспособат на различни борбени околини и ситуации. Невоените играчи можат дури да земат и примерок од некои од овие сценарија и да користат популарни комерцијални софтверски игри.

Pandemic Studios креираа сложена тренерска симулација како дел од иницијативата Future Combat Systems (FCS). Војниците можат да практикуваат мали тимски тактики во виртуелна урбана околина. Тие користат X-box конзола за да ја управуваат играта и да ја земат улогата на тимски водач, обидувајќи се да постигнат специфични цели во различни сценарија. Pandemic Studios подоцна понудија модифицирана верзија од софтверот како комерцијална игра, наречена „Full Spectrum Warrior“.
Други игри и симулации вклучуваат „America’s Army“ и „Guard Force“. Војската препознава дека денешните Armed Forces-регрути имаат пораст на културното ниво, каде видеоигрите се застапени. Денес војската ги користи овие игри за да го помогне поврзувањето на регрутите и да им даде безбедна околина за да практикуваат техники и способности. Некои програми се web-базирани, овозможувајќи регрутите да содејствуваат со искусни војници и да ги научат техниките од реалниот живот што можат да им помогнат да се соочат со одредени опасности.

…повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail