„TROPES V8.3“ – Програмски пакет за анализа на податоци и текст

54-binaren

Во претходниот број говоревме за електронското следење на комуникациите од страна на мистериозната НСА и британскиот GHQE што предизвика реакција од речиси сите држави чиишто граѓани биле предмет на овие активности. Во текстот накратко го објаснивме принципот на следење на комуникациите и филтрирање на податоците со времено „замрзнување” и складирање на податоците за истите да бидат користени во даден временски период. Секако дека понатаму следат низа постапки и техники кои ги издвојуваат податоците како сурогат податоци за понатаму да бидат анализирани, расчленувани и споредувани, сè со цел – добивање готов аналитички продукт. Сето тоа се обезбедува со комплексни и „набилдани” софтвери кои по пат на низи и повторување ја вршат обработката на стотици милиони корисници, односно нивните електронски комуникации.
Сето ова изгледа грандиозно и импресивно, каво што е и впрочем. Затоа, во продолжение на текстот ќе говориме за еден минијатурен софтверски пакет (којшто заради користење на илустрациите ќе користиме постара верзија), кој обезбедува семантичка анализа на текст и на друг вид податоци. Конкретно, за случајов ќе говориме за „Tropes V8.3“ – англиската верзија.
Имено, со овој софтвер ќе се интерпретира можноста од анализа, компарација, мерење на фреквенција и конекција на податоци (пишан текст) со цел добивање на краен аналитички продукт. Ваков вид на софтвери можат да се најдат слободни во сајбер-просторот и претставуваат едноставна информатичка алатка при некое научно истражување, обработка на податоци, техника на анализа на содржина на документи во методологија при научно истражување, и претставува еден симплифициран софтвер со кој може да се примени OSINT во разузнавање. Разузнавањето од отворени извори е најприменлива категорија на собирање на сурогат-податоци кои понатаму подлежат на анализа, компарација, мерење на фреквенција, конектирање и добивање на готов аналитички производ. Секако дека оваа категорија има свои недостатоци како што се автентичноста на податоците, (не)можноста од насочување на информацијата, подложност на скриена порака, немање-имање кредибилитет на информација, замајување и слично, но затоа постојат методи и техники за нивна проверка.
Програмскиот пакет Tropes V8.3 опфаќа 6 фази на обработка на текст:
Логичка поделба на прости реченици. Поделбата е по принципот на едноставни реченици кои можат да комуницираат меѓусебно, се задржува логичката целина и се прави спрега со содржината на текстот.
Граматичко, синтаксичко и семантичко толкување на зборовите, особено во новинарски текстови каде што еден збор може да има повеќе варијации на значење.

…повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail