„PX“ во воена база

„РХ“ се еден вид малопродажна продавница во американските воени инсталации низ целиот свет или во НАТО бази каде има распредени американски војници. Првично биле слични на обична продавница, а сега тие личат на современи стоковни куќи или трговски центри.

PX vo bazata Fort-Meade, SADПродавниците играат важна улога за персоналот на американската воена и федерална влада распореден во странство, бидејќи тие често се единствениот локален извор за американската малопродажна стока, како што е облеката, електрониката, книгите и списанијата, брзата храна итн.

Овие продавници во инсталациите на американското Воено воздухопловство обично се нарекуваат „Base Exchange (BX)“, а во инсталациите на Копнената војска се нарекуваат „Post Exchange (PX)“. Со овие продавници раководи Служба за продавници на Копнената војска и Воздухопловните сили (AAFES)

Од 11 септември 2001 година, повеќе од 4.500 соработници на Службата се распоредени во борбените зони во Ирак и во Авганистан за поддршка на војниците во борбените операции. Службата во моментов работи со 49 продавници во земјите како што се Авганистан, Кувајт, Ирак, Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Романија, Кипар, Босна и Косово

Во војничкиот жаргон, под „PX“ (пи-екс) се подразбираат продавници што се наоѓаат во базите на американската армија. „PX“ обезбедуваат стоки и услуги на воени семејства и генерираат приход за воените морални, социјални и рекреативни програми кои обезбедуваат социјални услуги, рекреација, спорт и забава на американските војници. „РХ“ се еден вид на малопродажна продавница во американските воени инсталации низ целиот свет или во НАТО бази каде има распредени американски војници. Првично биле слични на обична продавница, а сега тие личат на современи стоковни куќи или трговски центри. Овие продавници се отворени за активен, резервен и пензиониран воен персонал и нивните семејства. Покрај тоа, целосен пристап до „PX“ исто така е дозволен на носителите на конгресниот медал на честа, хоспитализирани или чесно разрешени ветерани, странски воен персонал кој служи со американските сили, членови на националната гарда, персоналот на американскиот Црвен крст кој служи во странство со војската, американски воени изведувачи, персонал на Министерството за одбрана кој служи во странство и офицери на Националната океанска и атмосферска администрација. Ограничени услуги во овие продавници можат да користат и разни невоени лица, како што се вработените во сојузната влада и вработените во Црвениот крст кои живеат во воени инсталации во САД, вработените во овие продавници, кандидатите за воените академии, одредени видови на изведувачи и морнарички кадети. На посетителите, цивилите вработени во воените инсталации и персоналот на признати организации за социјална грижа им е дозволено да купуваат храна од „PX“ ако се консумира во воените инсталации.

Овие продавници во инсталациите на американското Воено воздухопловство обично се нарекуваат „Base Exchange (BX)“, а во инсталациите на Копнената војска се нарекуваат „Post Exchange (PX)“. Со овие продавници раководи Служба за продавници на копнената војска и воздухопловните сили (AAFES). Секоја продавница управувана од „AAFES“ е ребрендирана едноставно како „Exchange“ за да се поедностави разликата помеѓу сличните, звучни „BX“ и „PX“ имиња. Во Морнарицата на САД и воените бродови овие продавници се нарекуваат „Navy Exchange (NEX)“, додека во Маринскиот корпус тие се нарекуваат „Marine Corps Exchange (MCX)“.

Првите продавници биле основани на 25 јули 1895 година, кога тогашното Воено министерство ја издало Општата наредба бр. 46 со која ги упатувала командантите за воспоставување на продавници во секоја воена база. Пред да се формира Службата за продавници, американските воени сили купувале од групи на трговци кои ја следеле армијата. Оваа служба формално била основана во 1941 година и стана Служба за продавници на Копнените и Воздухопловни сили во 1948 година, по формирањето на Воздухопловните сили. Од своето основање, службата била вклучена во 14 главни воени операции (Втората светска војна, Кореја, Виетнам, Гренада, Панама, Балканот, Ирак и Авганистан), како и неколку хуманитарни мисии и помош при природни катастрофи. Мисијата на Службата, чие седиште денес се наоѓа во Далас, Тексас е да им обезбеди на американските војници и воздухопловци и на нивните семејства секојдневни стоки и услуги што им се потребни. Таа врши малопродажба во американските копнени и воздухопловни инсталации ширум светот. Таа е најстара и најголема служба за продавници во Министерството за одбрана, и располага со стоковни куќи, ресторани, киносали и интернет-продавница за да им служи на војниците и на нивните семејства. Покрај базите на САД во Белгија, Германија, Италија, Велика Британија, Турција, Јужна Кореја и Јапонија, продавници за американските војници има во Ирак, Авганистан и други земји во регионот. Продавниците им обезбедуваат на војниците пристап до американски стоки и услуги, каде и да служат. Оваа служба е раководена од Одбор на директори кои се одговорни пред секретарите на Копнената војска и на Воздухопловните сили преку началниците на Генералштабот. Службата самофинансира 97 проценти од своето работење, при што приходите доаѓаат од продажба на стоки и услуги. Поголемиот дел од 3 проценти од добиените средства се користат за финансирање на операции во странство. Сто проценти од заработувачката се инвестира назад во воената заедница. Две третини од приходите ги поддржуваат моралните, социјалните и рекреативните програми на војската на САД, додека преостанатата третина се користи за изградба на нови продавници и трошоци за објектите. Така, во фискалната 2016 година, службата имала приход од 8,3 милијарди долари од кои 384 милиони чиста заработувачка. Од таа заработувачка, 85 проценти (326,4 милиони) биле вложени за услуги за морал, благосостојба и рекреација и за подобрување на квалитетот на животот на војниците. Службата располага со повеќе од 2.500 објекти, вклучувајќи ги главните продавници, продавници за воена облека и театри, во сите 50 држави во САД и други 33 држави. Дополнително, службата има скоро 1.500 ресторани како што се „Taco Bell“, „Burger King“, „Popeyes“, „Subway“ и „Starbucks“, како и над 3.300 концесионери. Во ноември 2010 година, Службата го претстави отворениот трговски центар „Freedom Crossing“ во Форт Блис, во вредност од 100 милиони долари, на 217.000 квадратни метри кој вклучува детски катчиња за игра, кафетерии на отворено, интерактивна фонтана, простор за настани и концерти и повеќе од 40 продавници и ресторани. Трговскиот центар е прв од ваков вид во база на САД.

Во Службата се вработени речиси 35.000 соработници низ целиот свет во САД, Европа, Пацификот и Блискиот Исток. Од нив, околу 27 проценти се членови на воени семејства, 10 проценти се ветерани и 2 проценти се активни припадници, резервисти и припадници на националната гарда. Службата е прогласена за воено-пријателски работодавач неколку последователни години, а околу 88 проценти од соработниците на Службата се поврзани на некој начин со војската. Од 11 септември 2001 година, повеќе од 4.500 соработници на Службата се распоредени во борбените зони во Ирак и во Авганистан за поддршка на војниците во борбените операции. Службата во моментов работи со 49 продавници во земјите како што се Авганистан, Кувајт, Ирак, Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Романија, Кипар, Босна и Косово. Привилегиите за купување, исто така, генерално се прошируваат и на странските локации на цивили вработени во американската Федерална влада и на нивните семејства кои се распоредени во странство. Привилегиите за купување можат да варираат во странство согласно важечките договори за статусот на силите со земјите-домаќини. Типичната продавница е слична на стоковна куќа, но можат да пружаат и други услуги како што е продажба на воена облека и униформи, берберски салони, салони за нега на коса и убавина, перални/хемиско чистење, бензински пумпи, продавници за брза храна, продавници за пиво и вино, продавници за алкохол, продавници за градинарски работи, кина, па дури и услуги за одржување и поправка на возила. Продавниците исто така снабдуваат со бензин по цени приближни на оние во САД, нормално на рационална основа, за лична употреба, бидејќи цените на горивото во повеќето странски земји (каде што се стационирани американските војници) обично се многу повисоки поради локалните даноци. Повеќето, но не и сите продажби во овие продавници се ослободени од државни и локални даноци за ДДВ, додека продажбата се одвива во американските воени инсталации (исклучоци се продажбата на бензин во САД и продажбата на одредена концесионирана стока). Овие продавници во најголем дел, не добиваат некои значителни олеснувања од Федералната влада и функционираат на профитна основа. Со исклучок на воениот персонал кој е назначен на должност во продавниците, платите на вработените се исплаќаат од приходите остварени од продажбата на стоки. Продавниците се дизајнирани не само за самоопстојување, туку и да генерираат профит. Продавниците обично се наоѓаат во воени инсталации и како резултат на тоа, не плаќаат кирија или данок за користење на земјиштето. Статусот, ослободен од данок (како инструмент на владата на САД), исто така, ги намалува одредените оперативни трошоци. Продавниците мора да ги платат трошоците за превоз на стоките во рамките на Соединетите Американски Држави, но Конгресот доделува средства за субвенционирање на трошоците за транспорт на американската стока на странски локации, така што таквите предмети се достапни и за персоналот стациониран во странство. Околу 70% од заработката во продавниците се вложуваат во програми за социјални услуги, рекреација, спорт и забава. Во изминатите десетина години, овие продавници на копнената војска и на воздухопловните сили вложиле повеќе од 2,5 милијарди долари за подобрување на квалитетот на животот на војниците и нивните семејства.

Продавниците играат важна улога за персоналот на американската воена и федерална влада распореден во странство, бидејќи тие често се единствениот локален извор за американската малопродажна стока, како што е облеката, електрониката, книгите и списанијата, брзата храна итн.

 Александар Стојчевски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail