Пример за соработка на балканот – Односите на Република Македонија со Република Турција

primerzasorabotkanabalkanot

Во првата деценија од третиот милениум (а посебно во 2010, во 2011 и во 2012 година), Турција остави впечаток како една од највлијателните земји во Европа и во светот. Нејзиното богато историско наследство, културната длабочина, добро образованата млада популација (Турција има 74 милиони население, од кои повеќе од 60 проценти се до 35-годишна возраст), сè позајакнатата демократија, економијата во развој, конструктивната и проактивна надворешна политика (од Балканот до Блискиот Исток и до Кавказот) и силната дипломатија ја прават неопходна земја во еден свет трансформиран од брзата глобализација. Како земја-членка на НАТО, Турција има цел да стане полноправна земја-членка на Европската унија и да воспостави срдечни односи со сите соседи. На тој начин придонесува кон регионалната стабилност и мирот и работи за глобален напредок што се базира на правда, рамноправност и транспарентност. Но, како сила во развој, Турција продолжува да го реализира сопствениот потенцијал и истовремено да придонесува и за глобалната безбедност.

Во тој контекст, премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе изјави: „Кога мојата партија ја презеде власта во 2002 година, турската економија вредеше околу 250 милијарди долари. Денес (2010 м.з.), годишниот БДП на Турција достигнува 800 милијарди долари, така што таа е шеста најголема економија во Европа и 17-та во светот. Исто така, таа е една од најмалку оптоварените земји од глобалната економска криза, со сè поголема надворешна трговија, силен банкарски систем, различни и просперитетни мали и средни претпријатија. Сите овие квалитети ја трансформираа Турција во атрактивно место за: бизнис, медиуми, уметници, дипломати, студенти и невладини организации од целиот свет“ (Реџеп Таип Ердоган: „Турција: Новата неопходна нација“.

…повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail