„PATRIA AMV“ – Финско борбено возило

finland-patria-8x8-v3Следејќи ги современите текови на производство на оклопни борбени возила на тркала и користејќи ги искуствата стекнати во бројните мисии под водство на ОН, Финците се определија за производство на одличното оклопно модуларно возило од третата генерација со ознаки „AMV 8×8“

Оклопното борбено возило „Patria AMV“ е во сериско производство со испорачани голем број на возила. Ова возило го избрале Хрватска, Финска, Полска, Словенија и Јужна Африка. Производството на оклопни транспортери на тркала од сериите „XA“ започнува во 1984 година. Од тогаш компанијата „Patria Vehicles“ има непрекинато производство од над 1200 оклопни возила на тркала од серијата „XA“ во многу различни варијанти

Дизајнот на „Patria“ е таков што лесно може да се прилагоди за широк спектар на улоги, како и да биде опремен со различни видови вооружување до купола со две лица вооружени со топ до калибар 90мм. Овие возила во служба се воведени во 2006 година, и од тогаш се произведени вкупно 1315 возила

Со производството на возилата „Patria AMV 8×8“ Финска се искачи на светскиот врв на производители на борбени возила. Согласно експертите од оваа област , иднината на овие возила во наредните 30 години е загарантирана, а за нивната популарност сведочи и сè поголемата заинтересираност на поголем број на земји кои со нив сакаат да ги опремаат своите вооружени сили
„Patria AMV“ – (Armoured Modular Vehicle) е оклопен транспортер развиен и произведен од страна на финската компанија „Patria Vehicles“ во тесна соработка со финските одбранбени сили. Сè до 1980 година финските вооружени сили со оклопна борбена техника, тенкови и оклопни транспортери се снабдуваа од советски извори, пред сè поради тоа што тие возила се прилагодени со специфичните обележја на земјата, долги зими, арктички борбени услови, испресеченост на територијата со големи шуми и голем број на водени препреки – езера. Во мај 1980 година, Финска распишува конкурс за производство на оклопен транспортер, на кој победува компанијата „SISU-Auto“ (денешната „Patria Vehicles Oyi“), со извонредно динамичниот модел со ознаки XA-180 6х6, подоцна преименуван во „Patria“. Оклопното борбено возило „Patria AMV“ е во сериско производство со испорачани голем број на возила. Ова возило го избрале Хрватска, Финска, Полска, Словенија и Јужна Африка. Производството на оклопни транспортери на тркала од сериите „XA“ започнува во 1984 година. Од тогаш компанијата „Patria Vehicles“ има непрекинато производство од над 1200 оклопни возила на тркала од серијата „XA“ во многу различни варијанти. На основниот модел „XA-180 6х6“ набрзо му се придружија уште 3 модели во конфигурација 6х6 „XA-181/185“ и „XA-186“. Кон крајот на минатиот век од производствените капацитети на компанијата „Patria“ излезе и новиот модел со ознаки „XA-200 6×6“, кој набрзо е модифициран во моделите „XA-202“ и „XA-203“. На сите овие возила својствени им се карактеристиките на ефикасност, сигурност, отпорност, солидна заштита едноставност на употребата и оддржувањето и достапни цени, па затоа овие возила се прифатливи за поголем број на земји. „Patria” со овие модели ексклузивно ги снабдува и опремува и силите на ООН во бројни мировни мисии ширум светот. Следејќи ги современите текови на производство на оклопни борбени возила на тркала и користејќи ги искуствата стекнати во бројните мисии под водство на ОН, Финците се определија за производство на одличното оклопно модуларно возило од третата генерација со ознаки AMV 8×8.
Првобитниот модел „Patria AMV 8×8 APC“ е опремен со купола „Patria PML 127 OWS“ со тежок митралез 12,7мм „НСВ“ од советско производство со електрично придвижување од 360° и елевација од -8° до +48°. Нишанџијата користи „Zeiss periskop PERI-Z16A1“ и нишанска справа „NAE 200“ дневно-ноќен перископски поглед (GEN II+ засилувач на слика). ACCD-термалната камера е опционална. Подоцна е вграден норвешкиот (Konsberg) систем „Protector M151“ со митралез калибар 12,7мм и фрлач на гранати 40мм. Најголем избор на вооружување за возилото „Patria AMV 8×8“ се нуди за категоријата на борбено возило на пешадијата, дури десет вида на куполи со различно вооружување од најпознатите светски производители. Борбеното возило на пешадијата е опремено со една од најчестите варијанти двочлена италијанска дигитализирана купола „Hitfist 30мм“, од производителот „Oto Melar La Spezia”, со топ „Bushmaster Mk44“, калибар 30мм, спрегнат митралез 7,62мм и шест фрлачи на димни кутии, калибар 81мм. Куполата е опремена со нов систем за контрола на огнот „FCS“, со Колсмановата дневно-ноќна нишанска направа со ласерски далечинометар, IC камера „Gallileo Avionica“ втора генерација, два LCD екрани и со метеоролошки сензор. Првиот прототип на возилото е назначен како „AMV P2“ и е тестиран од финските одбранбени сили. Иситиот е опремен со купола од типот „GDLS CTC LAV 30мм“. Возилото е целосно амфибиско. Благодарение на елевацијата на вооружувањето од 60° можно е и дејство по хеликоптери и авиони во низок лет. Од останатите куполи производство на „Oto Melar”, во возилата AMV 8×8 се вградуваат куполите „Hitfact“, со топ со калибар 105мм (за Португалија) и „Hitrole“ со митралези со калибар 7,62/12,7мм. Израелскиот производител „Rafael“ им понуди на Финците борбен систем „Samson RCWS 30“, стандардното вооружување е топот ATK Mk44, калибар 30мм, спрегнат митралез 7,62мм, додека по желба на купувачот може да се вгради и лансер на противоклопни ракети „Spike“. Системот е опремен со одлична дневна колор CCD камера и ноќна нишанска оптика FLIR, многу добар уред за контрола на огнот, GPS систем за следење на целите, стабилизирана нишанска направа итн. Во возилата „AMV 8×8“ кои се извезени во Јужна Африка, Јужноафриканците вградуваат купола од домашно производство „Denel LTC-3O“, слична на италијанската „Hitfist“. Во верзијата возила за огнена поддршка Финците го опремиле возилото „AMV 8×8“ со двоцевни автоматски минофрлачи со калибар 120мм (AMOS), едноцевен полуавтоматски минофрлач со калибар од 120мм (NEMO). Дизајнот на „Patria“ е таков што лесно може да се прилагоди за широк спектар на улоги како и да биде опремен со различни видови на вооружување до купола со две лица вооружена со топ до калибар 90мм.
Фамилијата на возилата „AMV 8х8“ ја сочинуваат приближно десет различни модели: основниот модел во повеќе верзии: оклопен транспортер, борбено возило на пешадијата, командно, извидувачко и санитетско, возило со двоцевен автоматски минофрлач „AMOS“ и едноцевен полуавтоматски минофрлач „NEMO“, самоодно артилериско возило MGS), системска платформа наменета за логистичка поддршка (верзија C3I, санитетско возило и возило-техничка работилница) и повеќенаменска платформа која овозможува меѓусебна замена на модулите на борбени системи ловец на тенкови, возило за ПВО.
Оклопниот транспортер „Patria AMV“ е придвижуван од шестцилиндричен, двоен турбодизел мотор „Scania DI 12- 4OA1E“ на водено ладење, кој произведува 360kW и на возилото му обезбедува брзина од 100 км/ч. Погонскиот систем користи „ZF Ecomat 7HP902“ автоматска транмисија со 7+1 степени на пренос. Возилото може да биде опремено исто така и со мотори од други производители како „Caterpillar“, „Cummins“, „MTU“, за да одговара на логистичките побарувања на земјата-корисник. Оригиналното решение на ова возило претставува обединет погонски состав, управувачки состав, виљушкасти носачи на тркалата и хидраулични амортизери кои обезбедуваат голема безбедност на одниот и погонскиот дел, како и едноставна поправка посебно после оштетување од минско-експлозивни направи. Тркалата имаат хидраулични диск кочници, а можна е и опцијата за вградување ABS систем. Сите тркала имаат независна суспензија. Во системот за суспензија има хидропнеуматски елементи со што е можна промена на клиренсот на возилото кога има потреба од тоа при начинот на возење на терен односно кога возилото се натовара во авион („Herkules C-13O“), поради транспортирање со воздухоплов. Пнеуматиците се со димензија 14,00 R-20 „Nokia“ или „Michelin XZL“, со систем за централна регулација на притисокот (CTIS). Возилото е опремено со две хидраулични елиси кои на возилото му овозможуваат пловење со брзина од 10км/ч без претходна подготовка. Оклопот на возилото е солиден, направен е од варен високо отпорен шведски челик „armox“, кој на возилото во основната варијанта му заштита од огнено оружје со калибар 7,62мм. По барање на нарачателите, на возилото може да се додаде заштита од дополнителни метални плочи. Посебно решение на предниот дел на носот на возилото е рикошетот, зголемувајќи ја челната заштита од дејство на проектили со калибар од 30мм APDSFS. За ублажување на последиците од дејство на кумулативни проектили на возилото се монтирани композитни плочи од познатиот производител „Dyneema”. „Patria” AMV 8×8 впаѓа во групаат на едно од најзаштитените возила од бочните страни додека противминската заштита е во класата TP-2a, што подразбира дека е отпорно на експлозии од мини со маса до осум килограми. Подот на возилото е полукружно обликуван, раздвоен и исполнет со посебен тип на материјали.
Посадата на борбеното возило се состои од 3 лица, товарниот дел на транспортерот е за 8 војници. Возилото Patria” AMV 8×8 има голема носивост, празно возило има тежина од приближно 16 тона, а најголема дозволена маса е до 26 тона. Внатрешниот простор е со големина од 13 m кубни. Една од карактеристиките се и седиштата кои се со посебни хидрауличен систем за прилагодување на начинот на возењето на теренот. Возачот е опремен со широкоаголен перископ поставен на предната горна страна на поклопецот. За следење на ситуацијата надвор од возилото и за возење наназад располага со монитор и со камера. Во делот за транспорт на војници има два монитори на кои се пренесува слика за ситуацијата околу возилото со камери кои се поставени надвор.
Спецификациите на овој транспортер се следни:
- должина: 7,75 метри;
- широчина: 2,83 метри;
- висина: 2,35 метри
- тежина: 16 тони;
- носивост: до 26 тони;
- посада: 3+8-10 војници;
- оклоп: заштита од пешадиско вооружување до 7,62мм со дополнителна од проектил 30мм HE.
- вооружување: митралез 12,7мм, фрлач на гранати 40мм;
- мотор: Scania DI 12- 4OA1E 6 cylinder turbo diesel;
- автономија на опсег: 800 км;
- максимална брзина на пат:100км/ч (62 mph).
- совладување на наклон од 60%;
- совладување на страничен наклон 30%;
- совладување на вертикална препрека: 0,7 м;
- совладување на ров: 2 м;
- совладување на водена препрека: 1,5 м;
- брзина на пловење: 8km/h до 10км/ч.

Финските возила 8х8 од фамилијата „Patria“ ги има во повеќе земји. Глобални оператори и клиенти сe: Финска, Полска, Хрватска, Јужна Африка, Словенија, Шведска и Обединети Арапски Емирати. Хрватската компанија „Đuro Đaković“ ги произведува овие возила за хрватската армија. Вкупно 126 возила се произведени под лиценца на „Đuro Đaković“. Полската компанија „WZM S.A -Wolverine” ги произведува под лиценца под името „KTO Rosomak“, Словенечката компанија „Svarum“ ги произведува под лиценца под името „SKOV“ 8×8, 30 се веќе испорачани, јужноафриканската варијанта „Badger“ има 264 возила и „Havoc“ можна варијанта на USMC.
Со производството на возилата „Patria” AMV 8×8 Финска се искачи на светскиот врв на производители на борбени возила. Согласно експертите од оваа област , иднината на овие возила во наредните 30 години е загарантирана, а за нивната популарност сведочи и сè поголемата заинтересираност на поголем број на земји кои со нив сакаат да ги опремаат своите вооружени сили.

Идриз Идризоски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail