НАЈТЕШКАТА ЖИВОТНА БИТКА – Разговор со Зоран Димов, атлетичар кој го донесе ултрамаратонот во земјава, а со поддршка од АРМ и планинското трчање

50-nezadolzitelno

Зоран Димов е спортист на Велес за 2012 година, а во мај оваа година учествуваше на СП во далечинско трчање во Полска, кога за 24 часа истрча 188 километри.

Тој е првиот велешанец кој истрча на австралискиот ултрамаратон на 100 километри. Воедно е редовен учесник на Маратонската меморијална трка од Струмица до Скопје, која секоја година се одржува во чест на покојниот претседател Борис Трајковски. На државното првенство на Скопскиот маратон во 2012 година го освои третото место.

Само неколку денови откако на градскиот стадион во Велес тонски го снимавме разговорот за „Штит“, овој врвен атлетичар и врвен македонски ултрамаратонец, настрада во сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на двете нoзе. Оттогаш 50-годишниот Зоран Димов, инаку вработен како поштар во „Македонски пошти“ во Велес, е на домашно лекување и самиот, со поддршка од семејството, ја води својата најтешка животна битка – повторно да им се врати на патеките кои за него живот значат. Му посакуваме ден поскоро, како и многупати досега во животот, да биде победник во оваа за него најголема животна битка.
Ова е разговорот што го водевме со него пред несреќата, а имаме само една единствена желба, да закрепне и да ги оствари сите планови за кои ни зборуваше во ова интервју.

Како започна успешната приказна на Зоран Димов?

Јас почнав да трчам од свои 15-16 години, а активно од 17-18 години, односно некаде во 1979/80 година, кога во Велес се изгради атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион. Тогаш се формираше Атлетскиот клуб „Борец“ и јас почнав активно да се занимавам и да се натпреварувам во атлетика. Од 1980 година па сè досега, до 2013 година, активно трчам и се натпреварувам, односно 33 години, од кои долги години како член на АК „Изгрев“ од Велес.

Кога започнав имаше младинска, сениорска конкуренција на домашни и меѓународни турнири. Тогаш беа такви времиња, имаше повеќе пари за спортот, па одевме на подготовки во Маврово и во Дојран. Немаше некои врвни тренери, па ние атлетичарите моравме сами да се снаоѓаме за да стекнеме искуства, знаења и да учествуваме на натпревари. Но, бевме многу упорни, а имавме и пријатели од балканските земји, па така во соработката со нив имавме размена на искуства и знаења и успеавме да се избориме за своето место на светските атлетски патеки.

Кој беше првиот поголем натпревар на кој имаш учествувано?
Се сеќавам дека мојата прва официјална патека што сум ја истрчал беше во 1983/84 година во Кумровец, Хрватска. Патеката беше на 26 километри. Учествуваа атлетичари од цела тогашна Југославија, а се одржуваше во сеќавање на починатиот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито во неговиот роден град Кумровец. Овој натпревар беше еден од најпознатите и најпрестижните во тоа време и на него учествуваа неколку десетици илјади натпреварувачи.

Потоа се редеа маратони и маратони. Така дојдов до бројката 102 маратони, а веќе имам и 40 ултрамаратони. Ултрамаратон е секој маратон подолг од 42 километри.Стручњаците обично препорачуваат атлетичарот во годината да истрча два до три маратони, бидејќи ултрамаратоните се подолги, треба да се истрча еден маратон, максимум два. Минатата година истрчав 4 маратони и 9 ултрамаратони. Најкраткиот ултрамаратон беше 60, а најдолгиот ми беше 200 километри. Најдолго имам истрчано 212 километри на патека покрај езерото Балатон во Унгарија. Трчав на оваа патека на овој светски познат ултрамаратон три години по ред, 2009, 2010 и 2011 година.Се трча еден круг на патеката околу езерото, а секоја година учествуваа помеѓу 270 и 350 атлетичари во индивидуална конкуренција. Го освоив високото 24 место. Со ова, воедно, јас засега сум единствениот од Македонија кој истрчал толку за 24 часа.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail