„ЏЕК-ПОТ“ е убиен – Операција „Копјето на Нептун“ – елиминацијата на Осама бин Ладен

dzekpoteubien

2 мај 2011 година. Град Аботабад, Пакистан. На крајот од градот, на самиот завршеток на правливиот земјен пат кој не води никаде, се наоѓа голема куќа изградена 2004 година на земјиште осумпати поголемо од која било соседна куќа околу неа. Куќата е бела, има три ката и целата е опкружена со широки бетонски ѕидови со 5,5 метри височина на кои се наоѓаат по три реда бодликава жица. Третиот кат има само еден сет прозорци, и тоа на само едната страна, а целата тераса на третиот кат е опкружена со посебен бетонски ѕид со височина од 2,1 метар, што е сосема доволно да скрие висок човек кога престојува на балконот. Куќата е на само 160 километри од границата со Авганистан, и четири километри од центарот на градот Абатабад. Но, најинтересен е фактот што таа е оддалечена само 1,3 километри од најпознатата елитна пакистанска Воена академија, како и од локалните канцеларии на пакистанската разузнавачка служба ИСИ. .За очите на соседите, во куќата живеело семејство од Вазиристан (провинција во Пакистан) со неколку жени и деца. Тоа што до куќата не водел ниту еден телефонски или интернет-кабел и фактот дека жителите на куќата својот отпад го палеле, а не го фрлале, не било сомнително за никого од соседите, ниту, пак, за пакистанската служба за безбедност. Но не и за ЦИА.

ПО ТРАГИТЕ НА ОСАМА

Лоцирањето на Осама бин Ладен е резултат на исклучително скапа и долгогодишна операција на разузнавачката заедница на САД во која ЦИА имала главна улога. Крајниот резултат, елиминацијата на Бин Ладен во 2012 година, свој логичен почеток има уште од 2002 година. Имено, сè почнало кога ЦИА добила една навидум споредна информација околу името на курирот кој Осама го користел откако го напуштил Авганистан. Поучен од претходните обиди да го убијат, Бин Ладен престанал да користи мобилни и сателитски телефони и каква било друга електронска опрема. Четири пати Бин Ладен бил цел на физичка елиминација и четири пати среќата го служи како никој друг.
Февруари 1994 година, либиски тим извршил напад на неговиот дом во Судан, но без успех. Сè уште не е обелоденето за кого точно работеле.
На 20 aвгуст,1998 година американската морнарица лансирала 66 крстосувачки ракети „Томахавк“ врз камп на „Ал Каеда“ во близина на Кхост, Авганистан,30 терористи загинале, но не и Осама.

…повеќе во печатеното издание

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail