„Barak-8“ – Индо-израелски ракетен систем земја-воздух

Проектот Barak-8“ започна како проект на индиската морнарицата и имаше за цел да ѝ обезбеди противвоздушна одбрана на морнарицата на многу подолг временски период, со намера да остане примарен систем земја-воздух за противвоздушна одбрана на Индија. Организацијата за истражување и развој во одбраната, на 30 јуни 2016 година успешно го спроведе првото пробно лансирање на новоконструираниот индо-израелски ракетен систем „Barak-8

4Според Сатхиш Реди, програмскиот директор на проектот и научен советник на министерот за одбрана на Индија, ова е квантен скок во компетентноста на противвоздушната одбрана, ракетата успешно ја пресретна маневрирачката воздушна цел, која имитираше напаѓачки борбен авион и тоа беше совршено лансирање кое ги постигна сите параметри на мисијата

Системот „Barak-8“ обезбедува противвоздушна одбрана на далечини од 60-70км благодарение на двоимпулсниот ракетен мотор на цврсто гориво, чиј втор „пулс“ се појавува откако ракетата ќе се приближи кон целта. Овој ракетен систем има способност да гаѓа повеќе цели едновремено. Најважната карактеристика на ракетите за овој ракетен систем е нивната активна глава за наведување. Наместо да има потреба од илуминација на целта од радар од вода/брод или од копно/возило, ракетата „Barak-8“ тоа сама го прави во завршна фаза од својот лет, односно непосредно пред средба со целта. Ова е одличен пристап за справување со напади од воздух (особено од противрадарски ракети), бидејќи не се открива позицијата од каде е лансирана ракетата, односно позицијата на радарот. Ракетниот систем за противвоздушна одбрана „Barak-8“се произведува како варијанта за на море/брод, односно варијанта за на копно/на возило. Копнената варијанта на ракетниот систем „Barak-8“ вклучува неколку компоненти, и тоа: акетата за пресретнување,која се лансира вертикално, обезбедена од компанијата „RAFAEL“; оперативен центар за менаџирање со борбените дејства, за командување, контрола, комуникации и обезбедување на податоци за ситуацијата во воздушен простор, произведен од страна на „Israel Aerospace Industries“. Овој центар нуди и самостојна работа за секоја огнена единица посебно и заедничка работа и координација на здружени огнени единици; радар – повеќенаменски за надзор, следење и наведување, со ознака „LB-MF-STAR“, производ на „IAI ELTA Systems Ltd.“. Тој претставува ротирачки, дигитален радар кој работи во фреквентен опсег во „S-band“. Радарот обезбедува точна, со висок квалитет иреално времена слика, при што ги раздвојува целите со низок радарски одраз (како што се тајните крстосувачки ракети), дури и во најсложени временски и метеоролошки услови. Овој радар се очекува да биде инсталиран на дел од израелските ракетни фрегати од новата генерација.

Организацијата за истражување и развој во одбраната, на 30 јуни 2016 година успешно го спроведе првото пробно лансирање на новоконструираниот индо-израелскиракетен систем „Barak-8“. Станува збор за ракетен систем земја-воздух од среден дострел, а пробното лансирање на ракета е извршено од полигонот за тестирање „Odisha“ на брегот на Индискиот Океан. Истата година, овој ракетен систем е претставен на Саемот за вооружување и опрема „Balt Military Expo 2016“.

Оваа најнапредна ракета за ракетниот систем „Barak-8“ е развиена од страна на Индија во заедничка соработка со Израел. Организацијата за истражување и развој во одбраната најави дека ќе обезбеди посебен назив за оваа ракета.Извори од одбраната велат дека овој ракетен систем, со дострел од околу 70 км, бил тестиран со целосната оперативна конфигурација од лансирна рампа. Лансирањето е изведено на интегрираниот тест-полигон во Чандипур. Ракетата е лансирана против беспилотното летало „Banshee“ (британско производство). Балистичката ракета, која може да носи нуклеарна боева глава, има дожина од 4,5метри, тежи околу 2,7 тони и може да носи товар од 60 кг. Покрај ракетите, овој систем вклучува повеќефункционален набљудувачко-предупредувачки радар, наменет за откривање, следење и наведување на ракетите.

Ракетата е производ на заедничка работа на Истражувачкиот центар „Imarat“, Лабораторијата на Организацијата за истражување и развој во одбраната и компанијата „Israel Aerospace Industries“.

Ракетениот систем земја-воздух „Barak-8“ е произведен од страна на компанијата „Hyderabad-based Bharat Dynamics Limited“. Успешното спроведување на пробното лансирање е резултат на повеќегодишните и постојаните напори на сите учесници, со што се докажува сигурноста на системот и способностите за одбрана од воздушнитенапади. Ракетата е дизајнирана за одбрана против авиони и беспилотни летала. Во јануари 2007 година, Индија и Израел потпишаа договор вреден 330 милиони американски долари за заедничко развивање на новата генерација на системот земја-воздух „Barak“.Тој може да ги идентификува и уништи воздушните закани како што се авиони, проектили и ракети, вклучувајќи проектили кои се истрелани истовремено. Ракетата има максимална брзина од 2Mach и поседува висок степен на маневрирање во зоната на уништување на воздушните цели.  Како мерка на претпазливост, Администрацијата на областа Баласоре, во консултација со претставници на одбраната, направи адекватни аранжмани за привремено префрлување на 3652 цивили кои живеат во радиус од 2,5 км од позицијата на лансирната рампа, за време на пробниот период. За ова, жителите билесоодветно компензирани од страна на одбраната. Исто така, долж Бенгалскиот Залив вотри крајбрежни области на Баласоре, Бадрак и Кендрапада, беше затворено морето за пловидба за време на тестирањто.

Во Израел, ракетниот систем „Barak-8“ е предвиден за опремување на фрегататите од новата генерација, додека пак Индија планира овој ракетен систем,покрај на своите бродови да го инсталира и на копно/возила.

Организацијата за истражување и развој во одбраната ќе биде „главен инвеститор“ за проектот „Barak-8“. Проектот, во наредните 4 до 5 години има за цел да ја обезбеди војската на Индија со 9 напредни ракетни сквадрони за противвоздушна одбрана, секој со по 2 ракетни единици. Секоја единица пак, ќе се состои од команден и контролен центар, набљудувачки радар, радар за наведување и по три лансерни рампи со по 8 ракети.

Вкупно, системот би се состоел од 10 центри за командување и контрола, 18 набљудувачки радари, 18 радари за наведување и 54 лансери, вооружени со 432 ракети. Моментално, на листата на земји корисници на системот „Barak-8“се наоѓаат: Индија, Израел и Азербејџан, а како потенцијални корисници се најавуваат: Чиле, Германија и Полска.

Трајче Денчевски

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail